Овие 10 намирници никогаш не би смееле да ги подгревате

Некои од овие намирници не е добро да се подгреваат, но може да се јадат ладни, но некои е подобро да не ги јадете ниту ладни. На пример, компирите и оризот! Јадете колку ќе јадете, а остатокот. - гледајте да не ви остане!

0
1205

Иако можеби до денеска сте го правеле тоа и баш ништо лошо не ви се случило, препорачуваме повеќе да не го правите тоа затоа што последиците можат да бидат повраќање, пролив, па дури и труење!

Во денешно време ако сакате да имате зготвен оброк кога после напорниот работен ден ќе дојдете дома, мора да го направите наутро или пак од вечер.

Кога ќе си дојдете од работа е навистина големо олеснување ако имате готов ручек, но треба да бидете внимателни во врска со подгревањето. . Имено, ако ги содржи следните 10 намирници, тогаш нивното подгревање значи дека во организмот ќе внесете храна опасна за здравјето.

Целер

Ако сте свариле супа со коренест зеленчук, пред сé, ако содржисвеж целер, погрижете се претходно да го извадите целерот. Тој содржи нитрати кои стануваат отровни доколку дополниотелно се загреваат. Истото важи и за морковите, репата и цвеклото.

Спанаќ

Овој лиснат зеленчук е една од оние намирници кои исто така не би смеле да ги подгревате откако еднаш ќе ги зготвите. Причина се исто така нитратите кои сами по себе не се токсични, но ако го загревате, би можеле да станат.

Печурки

Без оглед дали станува збор за кајгана, сос или пак за супа од печурки, важи истото правило – да не се подгрева! Имено, печурките се чувствителна намирница и мораат да се јадат свежо приготвени. Нивното консумирање после подгревањето може да доведе до пречки во варењето во вид на грчеви и пролив.

Компир

Веројатно како деца сте се прашувале зошто никогаш за вечера не ви го сервирале компирот кој останал од ручекот. Логичен одговор би бил: затоа што не се вкусни кога ќе се оладар. Секако, и тоа е точно, но вистинскиот одговор е – затоа што се опасни за здравјето.

Потсетете се на компирите или на пирето од компири кои некогаш ви останале од ручекот – имале црни рабови, зарем не? Тоа е доволен знак дека оваа веќе термички обработена намирница повеќе не би смеела ниту да се подгрева, ниту да се јаде. Кога ќе се олади, во компирот доаѓа до зголемување на процентот на отпорен скроб кој има пробиотско дејство.

Ориз

Некои луѓе имаат обичај да зготват поголема количина ориз, па да ја остават во фрижидер и да ја подгреат по потреба. Тоа не е добра идеја.

Имено, оризот сам по себе не е проблематичен, туку е проблематично неговото чување, па така, не е чудно во несварениот ориз да се најдат бактерии кои можат да предизвикаат труење. Со варењето на оризот тие бактерии се уништуваат, но никогаш со сигурност не можеме да знаеме дали се уништени баш сите спори. Од таа причина оризот не е препорачливо да се јаде откако ќе се излади затоа што се тоа идеални услови преживеаните спори на бактериите да се размножат и да предизвикаат здравствени проблеми во облик на пролив, повраќање, па дури и труење.

Мит е дека со подгревањето на оризот можете да ги отстраните тие штетни отрови.

Јајца

Без оглед во која форма ќе ги приготвите – кајгана, пржени на око, варени или поширани – јајцата не смеат да се подгреваат. Секогаш е подобра опција да ги изедете ладни или да го фрлите, отколку да ризикувате труење.

Пилешко

Пилешкото месо е богато со протеини, а токму тоа е причина зошто ова месо не би смеело да се подгрева откако еднаш ќе се зготви. Заради промената на структурата на протеините, погреаното пилешко може да предизвика проблеми со варењето кои ќе бидат уште поизразени кај децата. Ако не сте љубител на ладно пилешко, направете од него намаз или исечкајте го во салата.

Фото: Unsplash