Најбрзиот чизкејк на светот

Точно, има безброј варијанти за чизкејк, но оваа е дефинитивно најбрзата. Сѐ се става отприлика, а количината зависи од тоа дали сакате поголем или помал колач, само внимавајте кремот да не е премногу течен

0
272

Состојки:

За подлогата:

350 г мелени кекси

50-100 г мелени ореви

150 мл путер омекнат на собна температура

малку млеко

За кремот:

500 г несолена урда

500 мл павлака

150 г мелен шеќер

1-2 лажички желатин (по потреба, доколку е кремот малку потечен, само помешајте ги внатре)

свежи капини

Приготвување:

Помешајте ги состојките за подлогата и втиснете ја смесата на дното од калапот за колач (најдобро е ако имате од оние со обрач што се вади)

Ставете ја подлогата во фрижидер додека да го направите кремот.

За кремот измешајте ги урдата, павлаката и шеќерот во прав. Ако е малку потечен, помешајте внатре само 1-2 лажички желатин за да се згусне.

Пола од капините ставете врз подлогата, а другите изматете ги во кремот.

Распоредете го кремот врз подлогата и ставете го колачот во фрижидер да се стегне.