Освен што има благотворно влијание на работата на срцето и помага во превенцијата на малигни болести, бројни се другите својства на чајот поради кои можете да се опуштите и да уживате во својот омилен напиток.
Ако пиете шолја чај додека го читате ова, му правите добро на речиси секој орган во вашето тело. Незаблажениот чај е богат со антиоксиданси кои спречуваат хронични болести и помагаат за обновување на клетките во телото.
„Вистинскиот чај доаѓа од билката Camellia sinensis, која содржи антиоксиданси познати како катехини. Тие ги отстрануваат слободните радикали од телото и ги намалуваат воспалителните процеси“, напоменуваат стручњаците.
Го намалува ризикот од неколку видови рак
Антиоксидансите и соединенијата кои се наоѓаат во чајот се поврзани со помал ризик од одредени карциноми.
„Благотворни дејства се утврдени кај ракот на кожа, простата, бели дробови и дојки“, напоменуваат стручњаците.
Има позитивно влијание на здравјето на кожата
Редовното консумирање на црн чај може значајно да го намали ризикот од рак на кожа. Начинот на кој го подготвувате прави разлика. „Врелиот црн чај е корисен кај плочестите карциноми на кожа“, велат лекарите. Откриено е дека е врелиот чај покорисен од ладниот, а улога игра и времето на варење.
Го намалува ризикот од развој на дијабетес
Секојдневното консумирање на црн чај може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 зашто помага во контрола на шеќерот во крвта после оброк. Според едно истражување црниот чај може да го снижи шеќерот во крвта и по консумацијата на храна која содржи сахароза.
Ги јакне забите
Иако од пиењето чај во текот на денот забите можат малку да ви потемнат, оваа навика може да се исплати. Според студијата во списанието Орална и максилофацијална патологија, зелениот чај има антибактериско дејство кое може да го намали развојот на бактерии во усната празнина. Исто така, ако секојдневно пиете зелен чај, тоа би можело да го забави развојот на кариес на забите.
Вашето срце ќе ви биде благодарно
Противвоспалителните својства на чајот можат да направат крвните жили да ви бидат опуштени, чисти и проодни, создавајќи така помалку стрес за вашето срце.
„Катехините го намалуваат воспалението и така го инхибираат создавањето плакови во виталните артерии“, напоменуваат лекарите. Препораката е да се пијат три шолји црн чај дневно за вашето срце да има полза од тоа.
Штити од Алцхајмерова болест
Кај оваа болест е важно да знаете да ги препознаете раните знаци затоа што колку побрзо се почне со лекување, квалитетот на живот на пациентот ќе биде поголем. По нешто може да се направи и со цел превенција на оваа тешка болест.
„Зелениот чај може да помогне да развиете отпорност на стрес и потенцијално Алцхајмерова болест. Полифенолите кои ги содржи чајот ги штитат клетките од оштетување“, велат лекарите.
Го забрзува метаболизмот
Дали знаевте дека на сосема здрав и прифатлив начин можете да го забрзате метаболизмот и согорувањето на мастите (до 100 калории дневно)“, велат лекарите.
Внимавајте да не претерате со кофеинот. Една шолја зелен чај содржи околу 40 мг кофеин, а лекарите препорачуваат ограничување на дневното внесување на кофеин на најмногу 300 до 400 мг.
Колку чај дневно би требало да пиете?
Не се сите истражувања на оваа тема едногласни во тоа колку чај дневно треба да се пие. Она што би требало да ви биде цел е добивање најмногу корист без претерување со кофеинот.
„За да го добиете она најдоброто од зелениот чај, би требало да се ограничите на три до пет шолји дневно“, препорачуваат лекарите.
Кој е најздрав?
При изборот на чај водете сметка да не е засладен. Дури и ако некои ароматизирани чаеви не содржат калории, и натаму можат да имаат вештачки сладила и конзерванси. Одлучете се за подготвување на свој чај наместо да купувате веќе приготвен.
„Колку се попреработени листовите од чајот, катехините ќе станат помалку делотворни. Зелениот чај се преработува минимално и има најголеми здравствени користи“, објаснуваат лекарите.
Фото: Pixabey