Билки и зачини за борба против ракот

Многу пати досега сме пишувале за лековитоста на многу билки и зачини, но сега ќе ги собереме на едно место оние билки и зачини кои се најсилни природни борци против канцерогените заболувања и многу други болести.

0
743

Многу од билките за кои пишуваме тука сигурно нема да ве изненадат и за нивните здравствени бенефити сите веќе многу пати досега сте чуле, но сепак ќе ве потсетиме на некои од најлековитите билки кои не опкружуваат и кои речиси секојдневно ги употребуваме, а за кои можеби не сте знаеле дека можат да помогнат во борбата со најтешките болести или последиците од нивното лекување.

Ѓумбир

Ѓумбирот има долга традиција во народната медицина, а се користи за лекување на многу состојби и болести, од настинка со опстипација. Можеме да го користиме во свеж облик, кандиран или мелен. Иако мелениот и свежиот ѓумбир имаат прилично различни вкусови, ѓумбирот во прав можете да го користите како замена за свеж и тоа 1/8 лажичка ѓумбир во прав е доволна за да замени 1 лажица свежо изрендан корен ѓумбир.

Консумирањето на ѓумбир може многу да помогне за мачнините предизвикани од хемотерапиите. Користете го заедно со препишаните лекови против мачнина.

Рузмарин

Оваа миризлива билка е карактеристична за подрачјето на Медитеранот кадешто најмногу се користи, а е многу богат извор на антиоксиданси. Поради своето потекло рузмаринот често ќе го најдете во италијанските јадења, а можете да го комбинирате во супи, сосови од домати како и во маринади за месо. Често се става и во леб.

Рузмаринот може да помогне за детоксикација, проблеми со сетилото за вкус, слабо варење и губиток на апетитот. Ако имате некој од овие проблеми пијте три шолји чај од рузмарин на ден.

Куркума

Компонентата куркумин што ја содржи овој корен е докажан антиоксидант и поседува антивоспалителни својства кои потенцијално можат да заштитат од развој на канцерогени заболувања.

Над екстрактот на куркума се водени разни истражувања за да се утврди какво влијание има во лекувањето на одделни видови канцерогени заболувања како што се рак на дебело црево, простата и на кожа. Иако се добиени многу ветувачки резултати од тестирањето врз животни останало непознато каква е неговата примена кај луѓето.

Чили пиперчиња

Капсаицинот кој се наоѓа во чили пиперчињата е многу делотворен лек против болки и многу креми против болки предизвикани од артритис ја содржат токму оваа компонента. Тоа никако не значи дека треба да го триете болното место со чили пиперче.

Кремите кои во себе содржат капсаицин се покажеле многу делотворни во елиминирањето на болките во текот на постоперативниот период кај пациентите со канцерогени заболувања. Освен тоа, тие можат да помогнат и кај лошото варење.

Лук

За лукот сме пишувале многу пати досега, но никогаш не е на одмет да се напомене дека е лукот богат со флавоноиди, селениум, олигосахариди, аргинин. Сепак, најактивна компонента на лукот е секако алицинот кој му дава карактеристичен мирис и се ослободува кога лукот ќе се згмечи или ќе се исечка.

Неколку истражувања докажале дека со редовно консумирање на лук се намалува ризикот од рак на желудник, на хранопроводник, дебело црево, панкреас и од рак на градите. Лукот во борбата против ракот помага на повеќе начини. Намалувајќи ги бактериските инфекции и формирањето на супстанции кои предизвикуваат рак. Исто така ги обновува ДНК и изумрените клетки, ја поттикнува детоксикацијата на организмот и го јакне системот за имунитет.

Мента

Ментата веќе илјадници години се користи за подобрување на варењето, против пролив, стомачни грчеви. Помага и кај симптомите предизвикани од синдром на иритација на цревата како и кај труење со храна. Ментата ги смирува мускулите и го поттикнува протокот на на жолч.

Чајот од мента може да се користи за смирување на стомакот после третманите против рак, а многу е ефектен и во лекувањето на болно грло, но и на болни ранички кои се создаваат во устата како последица од хемотерапија и радијација.

Камилица

Камилицата е позната по своите смирувачки својства и низ историјата се користи за лекување на многу состојби. Доколку имате проблеми со спиењето, прво што ќе ви препорачаат повеќето луѓе е токму шолја чај од камилица пред спиење. Многу ефектно ги лекува болното грло и раничките во устата настанати поради хемотерапијата и радијацијата.

Фото: Pixabey