Дали правите сé што НЕ треба откако ќе се најадете?

После јадење обично сакаме малку да го попуштиме ременот, да каснеме овошје, малку да прошетаме или да легнеме да дремнеме. Верувале или не, ништо од ова не е препорачливо да правите после јадење.

0
430

За некои работи кои ги правиме после јадење, а за кои сме убедени дека се добри за нас, излегува дека сме грешеле. А еве и зошто.

Пушење

Пушачите обично сакаат да запалат после јадење. Пушењето секако не е препорачливо, но после јадење е посебно опасно. Затоа што, како што тврдат стручњаците, ако запалите цигара веднаш после оброкот му штетите на организмот како да сте запалиле 10 цигари наеднаш. Ризикот од рак на бели дробови се зголемува, а исто така, влијае и на влошување на синдромот на иритабилен колон (нервоза на цревата).

Прошетка

Иако е ова еден од најчестите совети, после јадење и не е толку добро за вас како што се мисли. Ако веднаш одите на прошетка системот за варење нема да биде во можност да ги обработи и да ги „впие“ сите нутриенти од храната што сме ја изеле. Најдобро е да почекате барем пола час после јадење и потоа да одите на прошетка (на околу 10 минути). Нема да имате стомачни проблеми, а прошетката ќе ви годи.

Овошје и чаеви

Ако после ручек или вечера веднаш „скокнете“ на овошје може да дојде до појава на надуеност. Овошјето нема да може „да дојде на ред“ за варење. Почекајте час или два, па потоа јадете овошје.

Чаевите се феномелани и одлични за варењето, но не веднаш после оброкот. Тие содржат полифеноли и танини кои ја отежнуваат апсорпцијата на железо. Ова е посебно лошо за оние кои имаат недостаток на железо, обично за децата и бремените жени. Шолја чај сварете си еден час после јадењето.

Бањање и спиење

Повеќето луѓе после работа ручаат, веднаш одат на бањање, па на попладневна дремка. Меѓутоа, ова е лош потег. Ако се бањате веднаш после оброкот крвта ќе почне посилни да циркулира во нозете и рацете, занемарувајќи го стомакот, што може да го ослабне системот за варење. Почекајте 30 минути после ручекот или вечерата. Дремењето после ручек не е добро затоа што така ќе го забавите варењето. Може да дојде до непријатно чувство во устата и грлото, но и до р’чење. Спијте дури 2 часа после оброкот.

Се прашувате што треба да правите после јадење ако веќе не смее да се прави ништо од она што вообичаено го правите?

Па најдобро е да седнете минута или две, полека да ја раскренете масата, да почнете да се спремате за прошетка (така ќе помине препорачаниот половина час после оброкот) и да излезете да прошетате десетина минути.

Фото: Pixabey