Испечете ги морковите на грил тава или на скара, а зада омекнат покријте ги со капак. Во меѓувреме подгответе убав прелив од копар и лимон. Одлиен додаток ќе биде и чешнето лук.
Освен со копар, морковите одлично се сложуваат и со ким, сок од портокал, магдонос и оцет балсамико. Но најдобра опсија секако ќе биде испробувањето на повеќе комбинации зада ја најдете онаа која најмногу ви одговара.
Ви требаат:
500 г моркови
2 лажици маслиново масло
1 лажица копар
1 лажица сок од лимон
сол, црн пипер
Приготвување:
Морковите исечете ги на пола по должина. Уфрлете ги во поголем сад, додадете маслиново масло, прстофат сол и црн пипер. Добро загрејте ја тавата, па ставете ги морковите и покријте ги со капак. Печете околу пет минути, додека не добие боја. Потоа свртете ги, па испечете ги и од другата страна. Затоа време, исечкајте го копарот и помешајте го сок од 1 лимон, сол и црн пипер. Кога се готови, зачинете ги со сосот и послужете ги топли.
Фото: Pexels