Лицата кои консумираат повеќе вегански или растителни протеини можат да бидат подолговечни од оние кои ги внесуваат во организмот од месото, покажале резутатите од јапонското истражување. Помеѓу лицата кои во својата исхрана ја замениле консумацијата на само четири отсто од месните преработки со исхрана базирана на растителни протеини забелжана е 46 отсто помала веројатност од смртен исход од било која причина!
Во склоп на студијата научниците во период од 20 години следеле 71.000 возрасни Јапонци на средни години.
Во споредба со лицата кои консумирале најмала можна количина растителни протеини, кај кај испитаниците кои консумирале најголема количина во текот на студијата е забележана помала веројатност од смртен исход и 16 отсто помала веројатност од смртен исход од кардиоваскуларни болести.
Претходните истражувања покажале дека поголемата потрошувачка на животински протеини се поврзува со зголемен број хронични болести и смртни исходи, додека поголемата потрошувачка растителни или вегански протеини е поврзувана со помал ризик од наведените резултати. Но повеќето од тие студии се спроведени помеѓу припадниците на западната популација кај која потрошувачката на животински протеини е многу поголема од консумацијата на оние растителните“, рекол д-р Френк Хју, раководител на одделот за нутриционизам на харвардскиот факултет за јавно здравје T.Х. Чен во Бостон.
„Во јапонското истражување потрошувачката на растителни протеини била прилично висока, а консумацијата на животински протеини прилично ниска во спoредба со онаа во западните цивилизации“, напишал Хју кој не учествувал во студијата.
Се покажало дека животинските протеини не влијаеле на долговечноста во оваа студија, објавиле научниците во списанието JAMA Internal Medicine.
За време на траењето на оваа студија починале 12.381 лице, од кои 5055 од последици од карцином, 3025 од кардиоваскуларни болести, 1528 од срцев болести и 1198 од цереброваскуларни болести.
Кај учесниците во истражувањето кои ја замениле консумацијата на само три отсто црвено месо со консумација на растителни протеини во текот на дваесетгодишната студија евидентирана е 34 отсто помала веројатност од смртен исход од било која причина, 39 отсто помалку починале oд рак, а кај 42 отсто е забележана помала веројатност од смртен исход од срцеви болести.
Истовремено, меѓу лицата кои во својата исхрана ја замениле консумацијата на само четири отсто месни прерабoтки со исхрана базирана на растителни протеини забележана е 46 отсто помала веројатност од смртен исход од било која причина и 50 отсто помала веројатност дека ќе починат од рак.
Кога некој јаде повеќе растителни протеински намирници како што се јакасти плодови, сја и леќа, се забележува значително подобрување кога стануа збор за кардиоваскуларни фактори наризик, како што се зголемени лииди во крвта и телесна тежина како и зголемен рвен притисок“, рекол д-р Ху.
„Време е да се напомене и тоа дека ваквата растителна исхрана не содржи само протеини, туку и останати корисни хранливи материи како здрави масти, антиксиданси, витамини, минерали и фитохемикалии“, додал Ху.
„Истовремено исхраната богата со црвено месо и месни преработки се поврзува со бројни здравствени последици како дијабетес, кардиоваскуларни болести и некои типови на рак“.
Спроведената студија не била контролиран експеримент смислен за да се утврди дали може и на кој начин количината или видот на протеини кои ги консумираат луѓето директно да влијаат на нивната долговечност.
Истражувањето е ограничено дотолку што начинот на исхрана на нејзините учесници се оценувал само еднаш, на почеокот на истражувањето, а можно е нивните прехранбени навики со време да семенувале“, истакнала коавторкат на студијата д-р Нори Савада од токсикиот Национален центар за рак.
Д-р Хjу им советува на сите кои сакаат да „доживеат стотка“ црвеното месо и месните преработки да ги заменат со намирници кои содржат здрави растителни протеини, а тоа се јаткасти плодови, грав, леќа и цели житарки.
Таквите прехранбени навики не само што му користат на човечкото здравје, туку придонесваат и за еколошката одржливост“, заклучува Хју.
Фото: Pixabey