Летото ќе помине, а ние заборавивме на наједноставниот десерт познат како Brown Betty, крамбл, криспи,…итн.
Станува збор за десерт кој може да го направи буквално секој, па дури и мало дете.
И на крајот имате одличен десерт, летен, свеж, освежителен и лесен.
Сé што ви треба е путер, презли (или овесни снегулки), шеќер, овошје по избор и нула кулинарско знаење.
Состојки:
Овошје по избор (може и замрзнато)
2 шолји презли
75 г путер
6 лажици кафеав шеќер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во поголем сад измешајте го стопениот путер, презлито и шеќерот.
На дното одогноотпорен сад ставете го овошјето, ако е зрнесто само распоредете го рамномерно по површината, а ако се јаболка, праски, круши или нешто слично, исечкајте ги на парчиња. На дното тепсијата оди пола од овошјето, па одозгора се става пола од презлите, па повторно овошјето и втората половинаод презито.
Се пече под фолиј 20 минути, а потоа без фолија, додека не порумени горниот слој.
Послужете со топка сладолед или без.
Фото: Pixabey