Крцкави тиквички на поздрав начин

Одамна веќе откривме дека рерната е наш избор за приготвување на речиси секоја храна. Ем е полесно, ем е поздраво, а сепак може да биде крцкаво

0
254

Состојки:

Тиквички исечени настапчиња

3 цели јајца

Брашно

Пченкарно брашно или палента

Масло

Сол

Сос 1:

250 мл кисела павлака

100 мл јогурт

1 чешне лук

Сос 2:

свежо нане

павлака

Приготвување:

Изматете ги јајцата. Покријте ја тепсијата со хартија за печење.

Извалкајте ги стапчињата тиквички во брашно, па во јајцата и на крајот во пченакрно брашно или палента. Наредете ги врз хартијата, попрскајте ги со малкумасло и печете ги во загреана рерна на 180-200 степени околу 20-30 минути.

Сосовите пригответе ги такашто ќе ги измешате сите состојки.

Фоторафијата и рецептот се од ТУКА.