Девојката со доматите (1 дел)

Оваа девојка која пред себе држи вистински домашни домати толку ни ги изрекламира што моравме да ги пробаме. И беше во право – беа тоа вкусни домати мејд ин Мирковци

0
764

Со тврда зелена внатрешност, најчесто без мирис и вкус и со дебела лушпа – такви се голем дел од доматите кои во последните неколку години се нудат по пазарите. Убави на око, ама за јадење – вистинско дрво.

Речиси го заборавивме вкусот на доматите какви што беа некогаш – меки и вкусни.

Речиси сите си имавме во дворовите барем по некое коренче, па во лето како деца наместо јаболки, сите земавме по еден голем домат во рака и го јадевме гризејќи го така, цел, додека сокот капеше по нас.

Едно време дури се тркавме кој ќе изеде повеќе, па постојано се враќавме дома да скинеме по уште еден домат, голем како помала лубеница, а сочен, црвен и миризлив како и сите домати во тоа време.

Арно ама тие се денеска вистинска реткост. А овие, од Мирковци, не потсетија токму на тој убав заборавен вкус од детството.