Bright Side пренесува дека иако луѓето денеска се посвесни за она што го јадат, не е секогаш лесно правилно да се утврдат сите правила на здравата исхрана.
На пример, јадењето јаболко во погрешно време може да предизвика проблеми со цревата, наместо да го подобри варењето.
За среќа, тие правила не е тешко да се следат, а ова се некои совети за тоа како да се одбере вистинско време за јадење на омилените намирници за да се извлече максимална корист.
Банани
Иако бананите можеби изгледаат како добра опција за почеток на денот, ако ги консумирате на празен желудник, можат да го намалат нивото на енергија. На почеток веројатно ќе почувствувате пораст на енергија благодарение на високата содржина на шеќер, но после неколку часа веројатно повторно ќе почувствувате замор и глад. Консумирањето на банани исто така може да претставува закана за луѓето кои страдаат од синдром на иритабилно црево затоа што предизвикуваат пролив.
Ако не сте подготвени да се откажете од јадењето банани за појадок, комбинирајте ги со некоја друга храна, по можност со онаа која содржи здрави масти како на пример, со путер од кикирики.
Кафе
За многу луѓе пиењето кафе после станувањето им изгледа најприродно, но всушност е бескорисно. Истражувањата покажале дека пиењето кафе пред појадокот ја подобрува нашата толеранција на кофеин. Во првиот час после будењето, вашето тело произведува кортизол и најважно е да не го попречувате овој процес и нашите природни биолошки ритми.
Затоа почекајте малку и потоа уживајте во својата шолја кафе. Но имајте на ум дека е подобро да се придржувате до препорачаната дневна доза кофеин и да не пиете кафе навечер.
Ориз
Колку и да сакате после долгиот работен ден навечер да изедете суши или индиска храна, тоа можеби не е најдобра опција. Оризот содржи многу сложени јагленохидрати на кои им е потребно многу време за варење. Тоа е добро затоа што долго не држи полни со енергија. Но оризот го прави висококалоричен, што може да предизвика дебелеење ако го јадете навечер.
Ручекот е најдобро време за вклучување на оризот во својата исхрана. Вашиот метаболизам функционира брзо во текот на овие часови и ќе му биде лесно да го сварите. Освен тоа, ќе ви треба повеќе енергија за да имате продуктивен ден, а сложените јагленохидрати можат да ви помогнат.
Шеќер
Подобро е да се држите подалеку од преработениот шеќер ако се обидувате да се храните здраво, но понекогаш е невозможно да се одолее на искушението. Клучната грешка која ја правиме е јадењето на слатки за меѓуоброк. На тој налин се зголемува нивото на шеќер во крвта, предизвикувајќи нагло зголемување, а потоа и нагло паѓање што ве прави уморни и нервозни.
Ако не можете да му одолеете на искушението, дозволете си десерт веднаш после главниот оброк. Така нивото на шеќер во крвта нема драстично да се зголеми.
Млеко
На многумина им е навика од детството да го почнат денот со чаша млеко. Но оваа навика не делува добро на возрасните. Млекото е тешко да се свари па пиењето наутро, како и комбинирањето со други намирници може да предизвика киселини и болки во желудникот. Вечерта е најдобро време за чаша топло млеко затоа што помага за смирување на телото и го поттикнува сонот.
Месо
Месото е одличен извор на белковини и витамини од групата Б, но може да претставува прекумерно оптоварување за системот за варење. Затоа е подобро да се избегнува јадењето месо пред спиење. Изборот на немасно месо и јадењето најмалку три часа пред спиење е всушност добра опција затоа што дава ситост и не содржи прекумерна количина на калории кои би можеле да предизвикаат дебелеење.
Можете да јадете месо во текот на денот за да добиете доволно протеини. Но бидете внимателни со тоа што јадете наутро затоа што тежок оброк како овој може да му биде тежок за варењето на вашето тело.
Јаткасти плодови
Тие се одличен извор на здрави масти и калории, но уживањето во навечер не е најдобра опција. Всушност, здрави се за јадење, но ако изедете премногу, можеби нема да заспиете. Подобар избор е да ги јадете наутро за појадок или како меѓуброк за да ги постигнете сите предности: здравје на срцето, нормализирање на нивото на холестеролот, слабеење и јакнење на кожата и косата.
Сирење со голем процент на маснотии
Топол сендвич со сирење пред спиење оже да биде примамливо, но подобро немојте, бидејќи ваквото сирење може да биде тешко за варење и да ви предизвика непријатност, како и да ви го поремети сонот. Од друга страна, консумирањето на сирење за појадок му го дава на вашето тело потребниот калциум кој го поттикнува растот на мускулите и здравјето на коските.
Агруми
Да се почне денот со чаша свежо цеден сок од лимон или портокал можеби изгледа како здрава опција, но не е. Агрумите се кисели па заедно со оброкот или после него го зголемуваат формирањето на киселини кои можат да предизвикаат непријатности при варењето, како киселини, чувство на тежина во желудникот и забавена апсорпција на хранливите состојки. Почекајте малку после оброкот за да можете да уживате во својот овошен сок.
Грав
Гравот е богат со влакна па онсумирањето во вечерните часови може да предизвика надуеност и да го намали квалитетот на сонот кај некои луѓе. Подобро е да се биде внимателен со оваа намирница. Гравот е совршена храна за ручек, така сите хранливи состојки ќе се сварат, но помала е веројатноста дека ќе се чувствувате надуено и преполно.
Јаболка
Јаболката се богати со влакна и содржат природни киселини кои го подобруваат варењето и работата на дебелото црево. Но ао јаболката ги јадете навечер, киселините од нив можат да се соберат во желудникот и да предизвикаат непријатности. Исто така, јадењето јаболка навечер може да доведе до прекумерно создавање на гасови и проблеми со варењето.
Тоа се случува затоа што ноќе варењето е забавено и треба повеќе време за да се свари која и да е храна.
Најдобро време за јадење јаболка е наутро. На овој начин се поттикнува работата на цревата после долгиот сон. Ова ќе биде особено корисно ако сте вечерале доцна или ако сте изеле премногу нездрава храна.
Јогурт
Подобро е да избегнувате јогурт на празен стомак или пред кој и да е оброк. Јогуртот содржи млечна киселина која може да ја намали киселоста на желудникот и да го забави варењето додека го јадете својот главен оброк.
Консумирајте јогурт 1 до 2 часа после главниот оброк за да ги постигнете сите предности на млечната киселина за вашето варење. Земањето мали порции јогурт пред одење во кревет изгледа како добра опција затоа што ќе му даде на вашето тело протеини и ќе придонесе за развој на мускулите.
Фото: Pixabey