Денеска производителите секојдневно се надминуваат себеси па така можат да се најдат најразлични состојки на сладолед во слаткарниците, почнувајќи од круши и дуњи, преку ѓумбир, мајчина душица и лаванда, па сѐ до чизкејк и трилече – сѐ што можете да замислите.
И кога мислите дека веќе сте ги пробале сите вкусови, сфаќате дека некои уште одамна отишле уште чекор понатаму и ги поместиле границите на традиционалното производство на сладоледи до невидени размери.
Но еве кои се 10 најчудни состојки за сладолед и размислете дали би ги пробале?
Мајчино млеко – Секако, прво место на оваа листа. Една слаткарница од Лондон во 2011. година лансирала сладолед под називот „Baby Gaga“. Основна состојка е свежото мајчино млеко собрано од донации, кое потоа се меша со ванила од Мадагаскар и лимон за да се добие единствен вкус. Ние мислиме дека мајчиното млеко е само по себе доволно единствено, што мислите вие?
Инсекти – Компанија од Колумбија направила во 2011.специјална серија сладоледи која е распродадена за неколку часа. Сладоледот се прави такашто вработените собираат инсекти, им ги кинат крилцата и ги готват, а потоа ги ставаат во кафеан шеќер и млечно чоколадо. Основна база за сладоледот се кафеавиот шеќер и вкусот на путер.
Кралско пилешко – Во чест на крунисувањето на кралицата, во Велика Британија во 1953. година се појавил овој единствен сладолед. Станува збор за ладно пилешко, кари сос и суво грозје во мајонез.
Пица – Овој сладолед се прави од мешавина на свежа моцарела, лук и домати. Наменет е за сите љубители на пица на кои не им се чудни секакви вкусови на сладолед, па би јаделе пица дури и во облик на сладолед.
Јагнешки изнутрици – Стоковната куќа „Harrods“ од Лондон го нуди овој традиционален шкотски специјалитет во облик на сладолед. Инаку се сервира како главно јадење во облик на колбаси.
Чаден лосос – Во Квинс е направен овој сладолед на предлог од муштериите. Освен лосос, содржи и сос од сирење.
Коњско месо – Oна што е малку познато е дека, покрај сушито кое е направено од сирова риба, Јапонците сакаат да јадат и сирово коњско месо. Токму тоа е и состојката на еден специјалитет во Токио.
Појадок во кревет – Во Делавер постои слаткарница која прави сладолед од сланина, во комбинација со разни додатоци. Еден од специјалитетите е токму „Појадок во кревет“, направен од африканска ванила, пастеризирана жолчка, јаворов сируп и сланина, секако.
Маст од ирвас – Eскимски сладолед под називот „Akutaq“ се прави од маст на ирвас која се меша со свежо паднат снег или мраз, свежи бобинки, а некогаш и мелена риба.
Васаби – На Филипините и во Јапонија може да се најде сладолед со васаби сос, за сите оние на ки ништо не им е доволно луто. Освен што одлично оди со сирова риба, овој сос е состојката на еден изненадувачки јадлив сладолед.
Фото: Pixabey