Женски и машки пиперки?!

Велат дека „женските“ пиперки се послатки  и се подобри сирови, во салати, додека пак „машките“ се подобри за готвење. Што мислите вие за оваа поделба на машки и женски пиперки и верувате ли дека имаат поинаков вкус

0
353

Сигурно ви се случило некогаш да направите салата со свежа пиперка, да гризнете и да сфатите дека вкусот не е баш добар. Но не станува збор за лош производ, туку сте употребиле „машка“ пиперка, онаа која е подобра за готвење.

Иако пиперките немаат женски и машки пол, некои ги делат токму така. Освен тоа, тврдат дека еден вид е позгоден за термичка обработка, додека другиот вид е повкусен кога се јаде сиров.

Земете во рака црвена, жолта или зелена пиперка и погледнете ги од долната страна. Што гледате?

Таканаречените машки пиперки од долната страна имаат три испапчувања што веднаш би требало да укаже на тоа дека тој вид на пиперки се наменети за термичка обработка. „Женската“ пиперка има четири испапчувања и би требало да се јаде сирова. Таа има посладок вкус па слободно додадете ја во салати, сендвичи или јадете ја сирова со омилениот сос или намаз.

Секако, стручњаците не се согласуваат со ваквата поделба, а целата оваа приказна ја нарекуваат урбана легенда. Тие ќе ви кажат дека пиперките можат да имаат од две до пет испапчувања од долната страна, а таа бројка нема никаква врска со вкусот.

Што мислите вие, верувате ли во поделбата на „машки“ и „женски“ пиперки?

Фото: Pixabey