Состојки:
1 круша
стапчиња од целер
сино сирење
ореви
За преливот:
1 лажица сок од лимон
1 лажица бел балсамико оцет
1 лажица мед
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка Дижон сенф
1/4 лажичка грубо мелен пипер
1/3 чаша маслиново масло
Приготвување:
Во чинија ставете парченца круша и стапчиња целер. Прелијте со мешавината од состојките за преливот, па додадете скршени парчиња сино сирење и сечкани пропржени оревчиња.
Фото: Pixabey