Наутро направете лимонада, ставете внатре неколку коцки мраз, неколку ливчиња свеж босилек, гранче свеж рузмарин, неколку кришки излупено зелено јаболко и ако сакате послатка варијанта, 2 лажици маџун. Ќе имате освежителен здрав пијалок преку целиот ден.
Навечер, ако сакате да си поседите сами со себе и евентуално, ако не ви се спие, не е воопшто лошо да си направите еден џин-тоник со свежо нане.
Босилек, рузмарин и нане, доколку немате на својата тераса, сигурно ќе најдете на пазар.