Состојки:
1 ½ шолја сенаменско брашно
5 лажици незасладено какао во прав
1 шолја шеќер
½ лажичка сол
1 лажица сода бикарбона
6 чажици стопен путер
1 лажица јаболков оцет
1 лажичка ванила
1 шолја млака вода
За чоколадниот прелив:
170 г темно чоколадо
4 лажици путер
1 лажица слатка павлака
Додатоци за декорирање:
свежо шумско овошје
трошки за торта
сушени парченца кокосов орев
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 175 степени и премачкајте кружна тава со масло и посипете малку брашно.
2. Ставете го брашното во сад за матење со средна големина. Додајте ги шеќерот и какаото и промешајте со лажица за мешање. Додајте ги солта и содата бикарбона. Направете три дупки, една поголема за стопениот путер и уште две помали за оцетот и за ванилата. Додајте ја и водата и продолжете да мешате со лажица додека добиете изедначена смеса.
3. Претурете ја смесата во плехот за печење и печете на 180 степени околу половина час или проверете со чепкалка дали е готово (забодете ја чепкалката на средина од тортата и ако е чиста кога ќе ја извлечете, готово е). Извадете ја тортата од рерната и оставете ја да се излади.
4. За да го приготвите чоколадниот прелив, стопете го путерот во мало тенџерче на тивко. Кога ќе се стопи путерот, додајте го чоколадото, искршено на парчиња, и продолжете да го топите на ниска температура. Повремено промешувајте, а штом ќе се стопи чоколадото додајте ја слатката павлака и промешајте добро. Тргнете го преливот од оган и оставете го да се излади пред да ја прелиете тортата.
5. Прелијте ја тортата и изедначете го слојот со шпатула на горната страна, како и странично. Додајте ги одозгора овошјето и декорацијата, па оставете ја тортата да се стврдне убаво пред да ја исечете и послужите.
Доколку сакате да направите поголема торта, едноставно дуплирајте ја дозата на сите состојки и печете 45 минути наместо половина час.