Овошје во чашки и порции

На пазарот во Сплит можете да се освежите со исечени (претпоставувам топли) парчиња лубеница и диња кои се продаваат во чашка - 10 куни (околу 100 денари) за чашка!

0
231

Еве уште една утеха кога станува збор за цените на овошјето. Утехата се вика сплитски пазар, на кој, како и во остатокот од Хрватска цените на овошјето и зеленчукот се и по пет пати поскапи отколку кај нас.

Сепак, тука имаат и некои добри идеи – им продаваат на туристите овошје во чашки и во порции, во зависност од типот на овошјето.

Така на пример, чашка лубеница или диња чинат 10 куни, што е околу 100 денари. А во една чашка нема ни една кришка. Епа сега пресметајте колку чини килограм. Кај нас е околу 18 денари за килограм, па за нецели 200 денари ќе си купите лубеница од 10 кг. Толку во Сплит чинат 2 чашки. Веројатно лубеницата е топла, не ја пробавме.

Остатокот од порциите заедно со цените можете да ги видите на фотографијата долу. Па ако баш сакате да сметате и да правите споредби, повелете.