Варен или сиров – како е најдобро да се консумира зеленчукот?

Вистината е дека не постои генерално правило за консумирање кое се однесува на сите видови зеленчуци. Прочитајте кои зеленчуци е подобро да се консумираат сирови, а кои треба да се обработат

0
431

Сите приврзаници на здравата исхрана знаат колку е важен зеленчукот за нашето здравје. За максимално да се искористи нутритивната вредност на зеленчукот, често сме во дилема дали е зеленчукот подобро да го консумираме варен или сиров.

Вистината е дека не постои генерално правило за консумирање кое се однесува на сите видови зеленчуци. Вистинскиот одговор е дека некој зеленчук е подобро да се јаде сиров, а друг варен. Факт е дека кога консумираме сирова храна, телото согорува повеќе калории. Од друга страна, со варење на зеленчукот му помагаме на телото во процесот на варење.

Дали е зеленчукот подобро да се консумира во сирова или во варена состојба најмногу зависи од нутритивната вредност на зеленчукот. Во некои случаи термичката обработка на зеленчукот доведува до разложување на одредени витамини, додека од друга страна, со нивното варење се подобруваат нивните антиоксидантни вредности.

Испитувањата покажале дека варењето на пареа или вода подобро ги чува антиоксидантите во зеленчуци како морковите или брокулите, додека го намалува нивото на витамин Ц. Исто така, зеленчуците како доматите, руколата, кељот, зелката и прокељот, е најдобро да се консумираат после варење.

Најздрав начин на консумација на зеленчуци како кромидот, цвеклото или пиперките, е во сирова состојба. Порција од 50 грама сирови пиперки му обезбедува на организмот 75 отсто од дневните потреби за енергија и јакнење на имунитетот. Покрај тоа, провитаминот А во комбинација со витаминот Ц во црвената пиперка го забавува стареењето на клетките и спречува настанување на кардиоваскуларни болести.

Фото: Pixabey