Каде и да се наоѓате, понекогаш е добро да имате при рака неколку квалитетни конзерви туна, тегличка песто, убав леб и свежа краставица и можете да направите вкусен бранч, вечера, појадок, сеедно.
Еве, исечете си неколку парчиња леб, ставете на дел од нив туна, песто и тркалца краставички, а на другите, наместо туна, ставете песто, сирење (биено) и песто. Зачинете со ноктец или некоја друга мешавина зачини која ја имате при рака и полека уживајте во брзиот оброк.