Ненадејното преминување на значително поздрава исхрана може да го шокира вашиот организам и да доведе до нус појави кои немада ви се допаднат.
Имено, ненадејната промена на исхраната сигурно ќе влијае на промени во организмот па за да не ве изненадат и за да не ве предомислат во вашата одлука, дознате што можете да очекувате.
Очекувајте пречки во варењето на храната
Здравата исхрана подразбира повеќе овошје и зеенчук, односно, влакна кои сигурно ќе остават трага во вашиот систем за варење. Можно е да ви ја проретчат столицата па ако тоа многу ве мачи, обидете се постепено да воведувате поголеми количини влакна, а ако паралелно со ова не го зголемите и внесувањето на вода, можно е влакната да ви направат запек. Затоа почнете постепено и не ја занемарувајте водата.
Можеби случајно ќе добиете некој килограм
Можно е и тоа, затоа што луѓето кога преминуваат на здрава исхрана, јадат почесто, а често и повеќе. Затоа бидете внимателни дури и ако станува збор за здрава храна, зашто и таа содржи калории кои ќе бидат вишок ако претерувате со количините.
Јадете „погрешна“ здрава храна
Иако наводно се знае сѐ за здравата храна, многумина и натаму сметаат дека вистинска диета е само онаа со која се исфрлаат лошите намирници. Тогаш луѓето обично исфрлаат еден вид намирници (најчесто јаглени хидрати или масти), па после краткорочно слабеење пак се враќаат на старо, а со тоа се враќаат и килограмите и старите нездрави навики. Балансот е она што ви е потребно.
Ја губите волјата
После првите денови на поздрав режим на исхрана многумина почнуваат полек да ја губат волјата, најчесто затоа што здравата исхрана им се чини премногу комплицирана. Се бара внесување на многу видови намирници, за тоа треба време и труд за приготвување, па многумина почнуваат да посегнуваат по старите грицки и оброци. Не дозволувајте ова да влијае на вас, планирајте ги оброците однапред, одете во голем шопинг и задржете ја таа навика и за подоцна. Така секогаш ќе имате при рака барем дел од она што ќе ви треба. Од овошје до семки.
Разочарување
Задавањето цели е мотивирачко, сѐ додека се тие реални. Затоа немојте веднаш да си поставуватеголеми цели, одете чекор по чекор и истото очекувајте го од своите цели.
Фото: Pexels