Рецепт за домашен пробиотик: Ги чисти цревата, ги исфрла отровите од организмот

Овој напиток е совршен пред заминување на море или во текот на престојот на море. Делува како пробиотик, а покрај тоа, го чисти и организмот.

0
777

Пореметувањето на варењето е нешто со што одвреме навреме се соочуваме сите. Затоа ни е потребно средство кое ќе ја спречи оваа состојба и ќе ни помогне да се вратиме во нормала.

Еве што ви е потребно за овој напиток што го чисти телото, го подобрува варењето и ви дава чувство на леснотија:

500 мл млака преварена вода

1 лажичка чиа семе

сок од 1 лимон

сок од 1 грејпфрут

рендано парче свеж ѓумбир

Приготвување:

Ставете ја водата во тенџере и додадете го ѓумбирот. Почекајте да зоврие и да се свари ѓумбирот (околу 5 минути). Кога водата ќе се олади додадет ѝ сок од лимон и грејпрфут и чиа семе и оставете да стои 15-20 минути. Консумирајте во текот на денот.

Овој напиток е совршен пред тргањена море или во текот на престојот на море. Делува како пробиотик, а го чисти и организмот.

Чиа семе

Чиа семето има голема количина растворливи и нерастворливи влакна. Кога ќе се потопат во вода, станува 15 пати поделотворно бидејќи формираат некој вид на гел кој го заситува телото, дава енергија и го чисти системот за варење. Една порција содржи препорачана доза на влакна дневно, а ова семе помага да се регулира нивото на инсулин, и да го подобри процесот на варење.

Чиа семето кое во желудникот создава желе, делува како пробиотик, поттикнувајќи создавање добри бактерии кои го одржуваат здравјето на цревната флора. Исклучително е корисно за слабеење.

Лимон

По својот хемиски состав, сокот од лимон е сличен на дигестивниот сок. Затоа лимонот придонесува за подобро варење и за чстење на цревата. Сокот од лимон го намалува отекувањето, го стимулира црниот дроб и ги елимиира токсините.

Грејпфрут

Грејпфрутот содржи триптофан кој ни овозможува да се смириме и релаксираме, па со самото тоа поттикнува здрав сон и ги ублажува иритирачките симптоми на несоницата. Грејпфрутот содржи и многу вода со што се спречува дехидрација на организмот. Ова овошје прави некој вид на рестартирање на целиот организам, па се препорачува да се земе наместо појадок или со појадокот.

Ѓумбир

Предност на ѓумбирот е неговата способност да го одржува здравјето и да ги спречи пречките во варењето. Ја отстранува киселината, надуеноста и болките во стомакот.

Фото: Pexels