Иако не содржат толку витамин Ц како јагодите, присутноста на антиоксидантите и други корисни состојки ги прави исклучително здраво овошје.
Црешите содржат витамини Ц, Б и А, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин, мелатонин. Овие состојки помагаат во борбата против рак, во превенција на срцевите болести, ги ублажуваат болките предизвикани од артритис и гихт, како и главоболката и симптомите поврзани со фибромијалгичен синдром. Црешите помагаат телото да ни произведува мелатонин на безбеден и здрав начин и ги подобруваат физиолошките и менталните фнкции. Свежите цреши се добри за отстранување на физичката и интелектуалната исцрпеност, а киселите цреши го подобруваат расположението. Многу слични зздравствени својства имаат и вишните.
Здравствени придобивки
Истражувањата покажале дека консумирањето на цреши може да помогне во спречување на срцевите болести и ракот, да ги ублажи болките и да го подобри здравјето на коските. За ова се најверојатно заслужни антиоксидантите кои може да се најдат во црешите, од кои се најздрави флавоноидот антицијанин и керцетин.
Превенција на срцевите болести
Според научните истражувања, флавоноидот што можеме да го најдеме во црешите (керцетин) има антиканцерогени својства и помага во спречување на срцевите болести. Во нутриционистичка смисла црешите се сметаат за важен извор на керцетин, зашто содржат големи количини по оброк.
Превенција на рак
Во семките на црешите се наоѓа мала количина амигдалин, наречен уште и витамин Б17 или лаетрил, за кои се смета дека позитивно влијае на намалување на туморите и спречува ширење на ракот и помага за ублажување на болките предизвикани од канцерогените процеси. Некои народи како Хунзите во Пакистан, од секогаш користеле во исхраната амигдалин и не заболувале од рак, што ги навело научниците на верувањ дека станува збор за храна која спречува развој на појава на рак. Направени се лабораториски експерименти на глувци, кои го потврдиле тоа. Меѓутоа, овие истражувања се прилично контроверзни бидејќи амигдалинот содржи цијанидна компонента која е отровна.
Ублажување на болки
Антоцијанинот кој се наоѓа во црешите ги блокира воспалителните ензими и ги намалува болките. Всушност, 20 цреши се 10 пати поделотворни од аспиринот, и имаат позитивно влијание на гихтот и болките од артритис.
Бубрежни камчиња
Не се здрави само црешите – од петелките а црешите можетеда направите чај за подобро излачување на урината при појава на камчиња во бубрезите. За приготвувањеа чај ставете една рака петелки во литар врела вода и варете 2 миути, а потоа оставете да се олади 15 минути. Процедете го чајот и пијте го со мали голтки во текот на денот.
Здравје на коските
Црешите се сметаат за извонреден извор на бор, што во комбинацијасо калциум и магнезиум исклучително поволно влијаат на здравјето на коските.
Црешите помагаат при слабеење
Црешите содржат малку калории, немаат маснотии, а имаат висок процент на вода. Истражувањата покажала дека зголемениот внес на вода во организмот го зголемува нивото на енергија и поага за забрзување на метаболизмот. Многу луѓе ги користат предностите на консумирањето овошје богато со вода, како што се црешите, за слабеење.
Како и повеќето овошја, црешите имаат многу калиум, а малку натриум, што помага за излачување на вода од организмот. Црешите се едни од овошјата со најнизок гликемиски индекс.
Црешите содржат комбинација од антиоксиданти против стареење, богати се со влакна, витамини А, Б и Ц, содржат многу минерали, посебно калциум, железо и калиум. Секоја цреша има само 4 калории (1 шолјичка содржи околу 90 калории), имаат еднакви количини јаглени хидрати и рротеини, а воопшто немаат маснотии.