Познат и како кинески магдонос, специфичен по силниот вкус и мирис, коријандерот е еден од најдобрите прирдни средства за чистење на организмот од токсини и тешки метали. Оваа билка е силен природен келат, што значи дека ги врзува на себе атомите од токсините и тешките метали и ги исфрла од организмот.
Токму затоа, листовите од коријандер уште од дамнина се користат за целосна детоксикација на организмот, но и за зајакнување на имунитетот и крвната слика, при менструални болки и пореметувања, за намалување на нивото на шеќер, но и за смирување и лекување на изгореници и ублажување на мачнината.
Во поново време оваа чудесна билка се почесто се употребува и во превенцијата и лекувањето на канцерогените заболувања и туморите.
Има специфичен вкус, па многумина не можат да го консумираат како додаток во салата. Затоа пак, можеда се приготви како чај. Чај од коријандер се прави со 6 грама семки од коријандер и 500 милилитри вода. Се засладува со мед.
Листот пак од коријандер секогаш се употребува свеж, има јака арома и најчесто се употребува во јужноамериканската и азијската кујна, додека во европската кујна повеќе се употребуваат сушените зрна. Свежото мелено семе од коријандер е одличен додаток во пецивата, супите и јадењата од зеленчук.
Инаку, познато е дека коријандерот го смирува надразнетиот желудник и ја регулира функцијата на цревата. Тој е природен лек против пролив, но помага и при артиритис. Коријандерот го намалува и нивото на „лошиот“ холестерол, а го зголемува нивото на „добриот“. На тој начин помага за спречување на кардиоваскуларните заболувања.
Фото: Pixabey