Дали и вам многу ви се спие после јадење?

Препознајте ги симптомите и спречете ја шеќерната болест со помош на исхраната

0
773

Ако сте поспани после јадење, имате желба за благо и вишок килограми во пределот на половината, ова се само некои од показателите дека дијабетесот ви чука на врата.

Дијабетесот е подмолна болест на модерното време, за чие настанување е во голема мерка крива и неправилната исхрана. Кога веќе ќе настапи, дијабетесот не може да се излечи, но може да се држи под контрола. Во наша моќ е да ги препознаеме на време знаците на предијабетес, состојба на покачено ниво на глукоза, која сѐ уште не може да се нарече дијабетес и која се развива постепено, 10 и повеќе години.

Во оваа фаза на болеста шеќерот може да се држи под контрола со промена на начинот на исхрана, но од клучно значење е фазата на преедијабетес да биде на време препознаена, што често не е лесно затоа што се симптомите скриени ии дури целосно ги нема. Затоа стручњаците препорачуваат нивото на гклукоза во крвта да го мерат и оние кои мислат дека се здрави и не се сомневаат на дијабетес. Мерењето на глукоза особено им се советува на лицата постари од 45 години, на луѓе со вишок килограми и на сите оние кои имаат ризик фактори за појава на дијабетес.

Знаци кои укажуваат на предијабетес

Иако се смета за „тивок убиец“ затоа што нема очигледни симптоми, постојат знаци кои можат да ви помогнат да го „дијагностицирате“ проблемот, а потоа и да побарате совет од стручњак за да спречите посериозни последици по здравјето. Тоа се следните сигнали:
1. Поспаност после оброк – нормално е дека после тежок месен и мрсен оброк ни се приспива, но ако забележите дека ова се случува често или редовно, не би било лошо да се обратите кај лекар и да почнете да го мерите нивото на шеќер во крвта.

  1. Желба за слатки и други прости јаглени хидрати– може да биде резултат на навика, но и на потенцијален развој на дијабетес.

3.Вишок на килограми и отежнато слабеење – дебелината е фактор ризик за појава на дијабетес, па може да се каже дека сите лица со вишок килограми се во фаза на предијабетес. Намалувањето на килограмите преку правилна исхрана и физичка активност е многу важен чекор во превенцијата на шеќернат болест.

  1. Масни наслаги околу половината– дебелината е опасна во секој случај, но доколку се дебелеете во пределот околу половината имате зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес.
    5. Покачен крвен притисок – ако покрај дебелината имате покачен холестерол, триглицериди и крвен притисок, постои голема можност да заболите од дијабетес. Правилниот режим на исхрана е решение и за овие проблеми, па задолжително консултирајте се со диететичар или нутрицинионист.

Одбирајте намирници со низок и среден гликемиски индекс

Гликемискиот индекс ја покажува брзината со која јаглените хидрати од храната го креваат нивото на глукоза во крвта, а изнесува од еден (најбавно) до 100 (најбрзо), што одгвара на чиста глукоза.

И целосно здрави лица, а особено оние кои се под зголемен ризик од настанување дијабетес, треба да избегнуваат храна со висок гликемиски индекс: слатки, бело брашно, бели тестенини и леб, компир, пржена храна, индустриски намирници, производи со додаден пченкарен и глукозен сируп,мармалад, конзервирано овошје.

Предност треба да им се даде на намирници со среден и низок гликемиски индекс. Намирници со среден гликемиски индекс се: интегралниот ориз и други интегрални житарки, па со самото тоа и интегралните брашна и производите од нив, батат, незрела банана, сок од јаболко и ананас без шеќер.

Низок гликемиски индеск имаат јаболката, крушите, свежите смокви, бадемите, прокељот, зелката, брокулите, зелената салата, свежите моркови, леќата, леблебиите, доматите.

Фото: Pixabey