На натпреварот во организација на „Жито Лукс“ готвачите Софка, Фичо, Теа и Цуклев ги претставија големиот број можности кои ги нудат XL белиот и ‘ржан леб за подготовка на сендвичи кои одговараат на сечиј вкус.
Сендвичите приготвени од вештите раце на натпреварувачите беа оценувани во четири категории: брзина, вкус, висина и стабилност. Победник во категоријата брзина е Цуклев со својот сендвич направен со XL леб со ‘ржано брашно, свежа краставица, јајце, авокадо, лимон, печен сусам, магдонос, копар, сол и црн пипер.
За подготовка на овој сендвич нему му беа потребни само 38 секунди. Победникот во категоријата вкус е деликатесниот сендвич на Софка за кој беа потребни XL лебот со ‘ржано брашно, боровница крем сирење, дробени ореви, мисиркини гради, шери, бејби рукола и микро салата.
Победниците во останатите две категории може да ги погледнете на Јутјуб каналот на „Жито Лукс“, како и на Фејсбук фан страницата на компанијата. Добропознатиот вкус, состав и секако, квалитет, може да ги најдете во новото XL пакување од 500 грама.