Желе од лук и рузмарин?!

Можеби звучи чудно, но и логично. Кога ќе ви кажеме дека можете да го користите во сендвичи, со месо, на тост или на риба, сѐ ќе ви стане јасно.

0
155

Ова желе може да ви го збогати секој оброк, појадок, ручек или вечера, а нивниот вкус ќе биде сосема поинаков и, со гаранција, доколку сакате лук, и подобар.

А за тоа колку се здрави лукот и рузмаринот, сигурно веќе сте слушнале.

Може да биде одличен додаток со скара, со печурки, но и со топли пецива.

За да го направите ќе ви требаат:

1 ¼ шолја суво бело вино

1/4 шолја исечкан лук

1/4 шолја обичен бел оцет (или оризов оцет)

2 лажици свеж сок од лимон

2 лажици свеж исечкан рузмарин

3 ½ шолји шеќер

1/2 лажичка путер

50 г желатин

Приготвување:

Измијте и подгответе теглички.

Помешајте ги виното, лукот, оцетот, сокот од лимон и рузмаринот, и ставете ги во тенџере да се варат на средна температура.

Додадете и шеќер. Кога е смесата пред зовривање, додадете и путер за да се намали пената.

Намалете ја температурата и оставете сѐ заедно да се вари 7 минути. Потоа повторно зголемете ја температурата и кога смесата посилно ќе проврие, тргнете го теџерето од оган и додадете го желатинот. Вратете веднаш на шпорет да се вари и потојано мешајте 1-2 минути.

Тргнете од шпоретот и веднаш ставете ја смесата во тегличките, но оставете малкуместо. Затворете ги убаво тегличките и наредете ги во големо тенџере со врела вода (водата нека ги прекрие тегличките, барем 5 цм над нив). На дното од тенџерето треба да ставте некоја решетка или кујнска крпа. Ставете да се вари на тивко 5 минути.

Кога ќеги извадите, наредете ги теглите на поладно место. Кога ќе се оладат проверете ги капаците и доколку се херметички затворени, не мора да ги чувате во фрижидер.

Фото: Pixabey