Состојки:
1 пакување кадаиф
200 г путер + за подмачкување на тепсијата
350 г ореви (или повеќе, по ваш вкус)
1 лимон
900 г шеќер
900 мл вода
Приготвување:
Тепсијата се подмачкува. Путерот се топи. Потоа се кине по малку од кадаифот и се реди еден слој во тепсијата. Одозгора се ставаат искршени оревчиња и по малку се попрскува со стопениот путер. Така се реди додека не се потроши кадаифот. Најгоре се расфрлаат цели јатки ореви и се става во загреана рерна на 150 степени околу пола час.
Во меѓувреме се вари шербет од 900 г шеќер и 900 мл вода и лимон излупен и исечен на тркалца.
Кога ќе се испече кадаифот се остава да се подизлади, а истото се прави и со шербетот. Кога се млаки и едното и другото, се прелива кадаифот со шербет и се остава да впие (додека можете да издржите).