Едноставни мерки за превенција од рак

Се очекува во рок од неколку децении вишокот на килограми на глобално ниво да го престаса пушењето како водечки ризик фактор за заболување од рак.

0
485

Насоките кои ги објавил World Cancer Research Fund (WCRF) сугерираат дека со избегнување на консумирањето на алкохол  месни преработки е можно ризикот од заболување од рак да се намали за 40 отсто.

Препораките на стручњаците од WCRF се темелат на податоците собрани од 51 милион луѓе, а избегнувањето на пушењето е и натаму најважен чекор за намалување на ризикот од заболување од рак.

Според достапните податоци, дебелината е поврзана со зголемување на ризикот од заболување од 12 типови карциноми.

Се очекува во рок од неколку децении вишокот на килограми на глобално ниво да го престаса пушењето како водечки ризик фактор за заболување од рак.

Проценките на WCRF покажуваат дека до 2035.година во светот ќе се забележуваат 24 милиони случаи на рак годишно.

Околу 40 проценти од случаите на рак е можно да се спречат, веруваат стручњаците.

Фото: Pixabey