Совршени француски еклери „меид ин“ Македонија

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние беше воодушевен од вкусот на француските еклери кои од денеска се на менито во кафулето Coffee factory.

0
496

Денеска во кафулето Coffee Factory во пријатна и непосредна атмосфера беа промовирани  повеќе видови на француски еклери, кои се направени според оригинална рецептура и кои понатаму ќе бидат составен дел од менито. Меѓу поканетите гости од јавната сцена кај нас и медиумите  на промоцијата присуствуваше и францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние.

Во одлично расположение и воодушевен од големиот избор на француски еклери, кои од денеска ќе бидат на менито на ова кафуле, тој изјави:

„Прекрасно е што во Скопје конечно може да се најде ваков голем избор на француски еклери. Изгледаат толку привлечно што незнам што прво да пробам. Но знам дека ќе се вратам уште неколку пати додека не ги испробам сите видови на француски еклери“.

Оригиналниот француски еклер потекнува уште од XIX век во Франција. Историјата вели дека првиот еклер го има направено познатиот француски шеф Antonin Carême. Денес француските еклери претставуваат префинет деликатес во светот. А Скопје претендира да фати приклучок со светот, па затоа кафулето Coffee Factory го прошири своето мени со неколку видови оригинални француски еклери.

 

Тимот на Coffee factory е обучен за повеќе од 20 вкусови еклери од професионален готвач од странство, кој две недели претходно престојуваше во Скопје на покана на локалот.

„Исклучително е важно да се имаат точните состојки, професионална опрема, вештина и секако многу трпение и љубов за да може да се направат вакви еклери. Секој вкус на еклер е посебна приказна за себе, бидејќи се употребуваат посебни состојки за нивно полнење и декорација. Но, за почеток одлучивме да почнеме со 6 вкусови (ванила, чоколадо, сникерс, кафе, кокос и јагода) и понатаму да го прошируваме нашето мени. Она што овие француски еклери Chouette (Шует) ги прави оригинални е тоа што нема компромис за ниедна состојка во нив. Се користи свежо овошје, најдобро француско овошно пире, природни ванила стапчиња, белгиско чоколадо, италијанско маскарпоне, био кокос и кокосово млеко, врвни брашна, свежи јајца и многу љубов при приготвувањето. Секоја состојка е најдобрата во својата категорија, па така и дел од нив се увезуваат од странство, бидејќи кај нас ги нема“ велат од Coffee Factory.

Квалитетот на еклерите е единствениот приоритет, па затоа се користат исклучиво свежи состојки без користење на вештачки бои, ароми и засилувачи на вкусот. Поради тоа рокот е кус, и најдобро е да се конзумираат во првите 48 часови.