Шербет-шампањско

0
622

Шампањот е вино со најмногу верзии, бидејќи секој произведувач го прави со посебни технологии и карактеристики кои го издвојуваат од останатите на пазарот. Како што варираат вкусот, сувоста, телото и аромата на шампањот, така варираат и цените, па кога го мешате со други состојќи, или кога го користите за готвење, не морате да го купите најскапото шише на пазарот.

Состојки:
(за 6-8 порции)

4 шолји вода
1 шолја шеќер
1 шише шампањско
1/3 шолја сок од портокал (добиена од околу 1 или еден ипол портокал)
1 лажица рендана кора од портокал

Приготвување:
1. Загрејте ја водата со шеќерот додека да зоврие. Вријте уште 6 минути за целиот шеќер убаво да се раствори. Додајте едно шише шампањ и варете (на овој начин ќе испари дел од алкохолот). Тргнете го од оган и додајте го сокот и ренданата кора од портокал. Оставете ја мешавината да се излади или да отстои во фрижидер преку ноќ.

2. Претурете ја смесата во машина за сладолед и обработете ја додека шербетот смрзне малку, но да не стане сосема цврст. Послужете веднаш.