До кога е безбедно да ги јадете велигденските јајца?

Веројатно и вам ви останаа доста бојосани јајца од Велигден, а никогаш не сте сигурни до кога е безбедно да се јадат.

0
1217

Прво што треба да знаете е дека тврдо варените јајца не мораат да стојат во фрижидер, но никако не треба да ги чувате ниту на некое место кадешто ќе бидат изложени на сонце.

Во однос на рокот на траење, најбезбедно е да ги изедете пет дена откако сте ги свариле, но се сметаат за јадливи и до седум дена.

Не се грижете ако жолчката добила зеленкаста боја – тоа не значи дека е јајцето расипано, туку е последица од хемиска реакција помеѓу белката и жолчката. Од друга страна, ако ви се чини дека има сомнителен мирис, посигурно е да не го јадете јајцето.

Ако ви останаа навистина доста јајца, а ви здодеа вообичаената „Мимоза“, еве неколку рецепти со варени јајца кои можеби ќе ви дадат идеја како да ги употребите:

Салата од јајца и целер

6 варени јајца

1/3 шолја целер исечкан на малечки коцки

1/4 шолја млад кромид исечен на тенки тркалца

1/4 шолја мајонез

Малку сол

Малку црн пипер

Приготвување:

Исечете ги јајцата на четвртини, па здробете ги во средно голема чинија. Можете да ги згмечите со вилушка. Додадете го исечканиот целер, кромидот и мајонезот, зачинете и добро измешајте. Служете го на тост.

Салата со јајца, туна и компири

Пробајте го рецептот за салатата „нисоаз“, чија основа се варените компири, зелената салата и јајцата. Можете да додадете и домати, туна од конзерва и црни маслинки, а сѐ прелијте со дресинг од лимон, сенф и маслиново масло.

Полнети јајца

6 јајца

2 ипол лажици мајонез

2 лажици сенф

Сол

Црн пипер

Пиперка

Ситно сечкан свеж магдонос

Ако сакате посвежа варијанта, наместо мајонез ставете павлака.

Приготвување:

Јајцата преполовете ги по должина и внимателно извадете ги жолчкит. Здробете ги жолчките во една чинија, па додадете, мајонез и сенф, сол и црн пипер и измешајте, а ак ви се чини дека смесата е сува, додадете уште малку мајонез.

Наполнете ги белките со оваа смеса и поросете со ситно исечкана свежа пиперка и магдонос.

Салата со јајца, спанаќ и спелта и прелив од млад лук

2 јајца исечени на тркалца

4 шолји спанаќ

1 шолја сварена и изладена спелта (пола шолја неварена спелта)

3 лажици печени семки од сончоглед

1/4 шолја црни маслинки

За прелив:

1 млад лук

¼ шолја маслиново масло

2 лажици оцет

1 лажица мед

2 лажици сок од лимон

Сол и црн пипер

Приготвување:

Ставете ги во чинија за салата спанаќот, спелтата, семките од сончоглед и маслинките. Во блендер иситнете го младиот лук, а потоа додадете ги останатите состојки за преливот и сѐ измешајте во блендер. Прелијте ја салатата, додадете ги варените јајца и послужете.

Фото: Pixabey