Земajте ги овие витамини за време на пандемијата

Лукот ги зајакнува одбранбените сили на организмот. Слично на него, и кромидот има антиинфламаторно дејство.

0
976

За време на пандемијата со корона, покрај исклучително важните хигиенски мерки, кои вклучуваат редовно и темелно миење на рацете, како и редовна употреба на средства за дезинфекција, обрнете внимание на исхраната.

Нутриционистите советуваат да се јаде храна што го зајакнува имунолошкиот систем, како на пример, лимони кои се едни од најдобрите извори на витамин Ц и антиоксиданти и помагаат во алкализацијата и детоксикацијата на организмот. Пијте млака лимонада пред секој оброк. Јадете супа од коски, богата е со витамини и минерали и има смирувачки ефект врз респираторните состојби.

Корисно е да се консумира и јаболков оцет кој е корисен заради дезинфекциското дејство, дури и против најотпорните бактериски соеви и вируси. А можете да го користите за зачинување на салата или за подготвка на напиток.

Маслиновото масло е исто така корисно како извор на мононезаситени здрави масти кои исклучително го зајакнуваат имунитетот. Маслинките и авокадото нè прават поотпорни, како и одредени зачини.

Ѓумбирот е еден од најмоќните зачини што помага во намалување на воспаленијата, зајакнување на имунитетот, намалување на болките во грлото. Додадете ѓумбир во лимонада, чај или пијалоци од овошје, а куркума во напивки, супи. Истото можете да го направите и со куркума.

На списокот на намирници што го зајакнуваат организмот, се наоѓаат и бројни зачински билки како рузмарин, оригано, босилек, мајчина душица. Додадете ги во салати, користете ги за маринирање и зачинување на месо. Кога станува збор за чаеви, пијте чај од ѓумбир, чај од маточина, чај од глуварче, ехинацеа.

Се препорачуваат и печурките како супер храна, а не треба да заборавиме и на зеленчукот од семејството зелки – карфиол, брокула, зелка, кељ, рен, келераба. Оваа група на зеленчук е богата со антиканцерогени, биолошки активни соединенија изоциати. Друго многу важно соединение што го содржат е глукозинол, значајно за зајакнување на детоксикациската функција на црниот дроб.

Фото: Pexels