Според народната медицина ротквицата е намирница која придонесува за одбрана од различни токсини и го поттикнува излачувањето на жолч. Еве кои уште здравствени предности ги имаат ротквиците и како да ги одберете најквалитетните и правилно да ги чувате.
Еве некои позитивни влијанија кои ротквиците ги имаат на здравјето:
Штитат од рак – Постојат научни докази дека ротквиците ги уништуваат клетките на ракот благодарение на влакната и витамините што ги содржи.
Студијата објавена во 2008. Година во списанието Bioscience, Biotechnology and Biochemistry укажува на позитивно влијание на екстрактот од црвена ротквица богат со сулфорафан како и со индол-3 карбинол, на ризикот од развој на карцином. Особено добри се покажале како помош во лекување рак на дебело црево, бубрези, желудник и усна празнина.
Ги прочистуваат дишните патишта – делуваат на излачувањето на слуз од дишните органи, заради што се препорачливи за лицата кои имаат проблеми со затнат нос, чести воспаленија на синусите и боледуваат од астма или бронхитис.
Ја подобруваат работата на системот за варење – со јадењето на ротквиците се стимулира работата на црниот дроб и се исти крвта. Влакната од ротквиците поттикнуваат лачење на соковите за варење и го регулираат празнењето на цревата па организмот полесно ги исфрла токсините, а посебно се препорачуваат на лица кои страдаат од запек.
Го поттикнуваат слабеењето – ротквиците имаат висок процент на вода и многу малку калории па се идеални за оние кои сакаат некој килограм вишок насобран во текот на зимските месеци. Смируваат отоци и јадеж по убод од инсектите – сокот од ротквици може да се користи како делотворен третман за убодите од инсекти како пчели, оси, стршлен. Нивниот сок ја намалува болката и отекувањето по убоди од инсекти.
Купување и складирање
При купувањето внимавајте ротквиците да бидат цврсти и црвени. Цврстината е знак дека се свежо набрани, а кога се меки тогаш се веројатно и горчливи. Можат да се чуваат во фрижидер пет до седум дена, а важно е да им се отстранат зелените листови затоа што тие предизвикуваат создавање на влажност која ги уништува хранливите состојки.
Едноставна крцкава салата од ротквици
Состојки за едно лице:
3/4 шолја тенко исечени тркалца од ротквици
4 шолјички зелена салата или повеќе видови салати
Сол, црн пипер, 1 лажица лимон, 2 лажици маслиново масло
По желба, поросете со пармезан
Фото: Pixabey