Денеска е денот за…

Ако сакате да направите мал детокс на својот организам, време е за една брза 24-часовна Месечева диета. Полниот Месец почнува денеска (19.април) во 19 часот и 50 минути и е одлична можност да го израмните стомакот пред да се фрлите на велигденската трпеза

0
215

Оваа диета станува сѐ поинтересна во широките кругови затоа што, како што велат, дава брзи резултати, дносно, се губат од 2 до 3 килограми за само 24 часа.

Веројатно станува збор пред сѐ за губење на телесната течност, а само мал дел отпаѓа на губење на масното ткиво. По својот карактер оваа диета е пред сѐ детоксикациска затоа што во текот на денот се консумира течност во количина од 2 до 4 литри па со постот кој се држи тој ден, ги поттикнува процесите на излачување во организмот, посебно преку бубрезите.

За време на диетата е важно да се внесува многу течност која може да биде вода, назаблажени чаеви, свежи овошни сокови или сокови од зеленчук.

Овошните и соковите од зеленчук можат да се подготват наутро и фа се земат со себе за да се внесуваат редовно во текот на дневните активности.

Многу е битно во текот на спроведувањето на диетата да не се појави дехидрација на организмот, што може да се спречи со редовно консумирање на помала количина течност на секои два часа.

Изворно е замислено во текот на денот на полна месечина да се внесува само вода, меѓутоа, ако тие денови имате интензивни активности, за да не се создаде дополнителен стрес, дозволено е да се внесуваат опишаните сокови. За време на диетата предност би требало да им се даде на активности кои опуштаат, на лесна теловежба и да се дозволи доволно сон за да не дојде до претерано психичко и телесно исцрпување на организмот.

Денот после пост е важен

Чувството на глад обично најмногу се појавува во текот на послепладневните и вечерните часови па препорака е тоа време да се издвои за себе и да се испие дополнителна количина течност. Исто така, битен е и денот после постот, затоа што откако организмот ќе се прочисти и сетилата добиваа на сила па сите вкусови и мириси изгледаат уште поинтензивни и попривлечни па лесно може да се случи прејадување, а со тоа и собирање на ново масно ткиво. Вториот ден треба да се внесува лесна храна, варена или динстана, многу салати, свежо овошје и течности. Се препорачува и консумација на супи, а од протеините би требало да се внесуваат оние кои се полесни за варење, како риба и соја.

Мислење на нутриционистите

Месечевата диета е детоксикациска диета која е пожелно да се спроведува  и заради одржување на телесната маса, кога сакате да се зајакне имунолошкиот систем и кога се јавува презаситеност со храна. Диетата смее да се спроведува 24 часа, а секако подолготрајното спроведување на диетата има за последица исцрпување на организмот.

Предности на месечевата диета

Оваа диета е едноставно да се спроведува ако личноста успева да излезе на крај  со изразеното чувство на глад, затоа што не бара време потребно за приготвување како кај сите други диети.

Месечавата диета е погодна за детоксикација на организмот и за јакнење на имунолошкиот систем.

Недостатоци

Месечевата диета не е диета за поголемо губење на килограми и може да биде само поддршка на диетата која вклучува промена на прехранбените навики и долгорочни резултати.

Пример

Вода во текот на целиот ден или сокови од овошје и зеленчук

Напомена на стручњаците

Кај спроведувањето на диетата, оние кои имаат проблеми со бубрезите, со низок крвен притисок и со дијабетес, треба да се советуваат со стручно лице.

Фото: Pixabey