Кога свежото овошје и зеленчук стојат неколку дена, тие ја губат својата нутритивна вредност, па стручњаците сметаат дека замрзнатите намирници се понекогаш подобра опција. Освен тоа, дури 2/3 од овошјето и зеленчукот се поздрави за јадење кога се замрзнати.
Замрзнувањето е едно од најстарите и најраспространети постапки на конзервирање на храната, а овозможува зачувување на вкусот, текстурата и нутритивната вредност на храната подобро од другите методи, како што се сушење, пастеризација и стерилизација.
Со замрзнување на намирниците се оневозможува растот на микроорганизмите и се намалуваат ензимските реакции кои природно се одвиваат во намирниците, а кои доведуваат до губење на квалитетот, и така се овозможува подолго зачувување на квалитетите. Ако намирниците се правилно замрзнати, а тоа значи во првите 24 часа по бербата, содржат повеќе хранливи материи од истите намирници кои 24 часа стоеле на воздух.
На пример, научниците откриле дека замрзнатиот спанаќ има четири пати повеќе хранливи материи, влакна, фолна киселина, железо и калциум.
Замрзнатиот морков пак, содржи тројно повеќе лутеин и двојно повеќе бета-каротен, но и повеќе полифеноли од свежите моркови.
Дури две третини од овошјето и зеленчукот е поздраво да се јадат замрзнати отколку свежи, со исклучок на лимонот, пченката и карфиолот. Уште една причина поради која замрзнатите намирници се понекогаш подобра опција е таа што овошјето и зеленчукот се замрзнуваат веднаш по берењето, а свежите плодови можат со месеци да стојат во супермаркетите испрскани со разни хемикали со цел да го задржат добриот изглед.
Од друга страна, свежите намирници, во мигот на берење има поголема концентрација хранливи материи од замрзнатите намирници. Но нејзината нутритивна вредност се менува со оглед на начинот на чување, превозот до продажните места и начинот на подготовка.
Долгото и несоодветно складирање и транспортот на свежите намирници може да резултира дури и со пониски концентрации на хранливи материи од оние во замрзнатите производи.
На пример, една неодамнешна студија покажала дека брокулата надвор од сезоната содржи само половина витамин Ц од брокулата во сезона.
Свежо набраниот грашок по 24 часа стоење губи и до 20 отсто од вкупната содржина на витамин Ц.
Научниците го испитале нивото на витамин Ц во малините, ананасот, морковите, грашокот и пченката шеќерец и утврдиле дека е мала разликата помеѓу свежата и замрзнатата состојба, дури во некои случаи замрзнатата варијанта содржела поголемо ниво на овој витамин. Тоа повисоко ниво на витамин Ц е посебно изразено кај замрзнатите малини и кај грашокот, додека свежите малини имале најниско ниво витамин Ц.
Фото: Pixabey