Мислевте дека оние безвкусни оризови плочки се добри за диета?

Иако многумина ги сметаат за диетални, тие се всушност празни калории кои нема да ве заситат. Во една плочка има околу 17 грама јаглени хидрати, па подобро е да ги замените со еден тост од интегрален леб.

0
1055

Не е добро да се избегнуваат јаглените хидрати, но секако, треба да се внесуваат во ограничени количини.

И да, одредени намирници кои содржат јаглени хидрати би требало да ги избегнувате.

Јаглените хидрати се важен дел од здравата исхрана. Тие му даваат на мозокот енергија и на телото му се потребни за да може нормално да функционира. Освен тоа, некои јаглени хидрати содржат и доста влакна и нутриенти кои се важни за здравата исхрана.

Сепак, постојат и некои јаглени хидрати кои баш и не се нутритивни. Не е страшно ако понекогаш ги јадете, но би требало да ги избегнувате затоа што не содржат нутриенти, а доведуваат до нагли промени на нивото на шеќер во крвта.

Нутриционистката Елизабет Ен Шо открива кои се тие најлоши јаглени хидрати и зошто би требало да ги избегнуваме.

Плочки од ориз

Иако многумина ги сметаат за диетални, плочките од ориз се всушност празни калории кои нема да ве заситат. Во една плочка се наоѓаат околу 17 грама јаглени хидрати што не е воопшто малку.

„Заменете ги со еден тост од интегрален леб и ќе внесете повеќе влакна, слични јаглени хидрати, но ќе бидете посити“, советува нутриционистката.

Бел ориз

Можеби има добар вкус, но поради процесот на обработка му недостасуваат влакна. Во четвртина шолја ориз има околу 36 грама јаглени хидрати, заради што е подобро да го замените со киноа која има повеќе протеини и влакна и речиси десет грама јаглени хидрати помалку.

Овесни снегулки

Дури и „здравите“ овесни снегулки содржат доста шеќер, заради што би било паметно прво да ја прочитате декларацијата. Во ¾ шолја од овие снегулки се наоѓаат околу 22 грама јаглени хидрати, тврди нутриционистката.

„Заменете ги со шолја со снегулки од цели житарки, кои содржат повеќе влакна и здрави масти кои помагаат во снижување на холестеролот“.

Бел леб

Кога ќе изедете едно парче бел леб тоа е како да сте внесле околу 31 грам јаглени хидрати, објаснува Шо, а рафинирани се, такашто немаат никакви нутриенти.

„Заменете го со леб од житарки и семки за да внесете повеќе протеини, влакна и здрави омега масти“, советува нутриционистката.

Пецива

Тие се обично многу богати со јаглени хидрати и ги содржат во просек колку и четири парчиња леб (околу 66 грама јаглени хидрати), а најчесто се и рафинирани, што значи дека не содржат здрави влакна, објаснува нутриционистката Кејли Проктор.

Сокови

Чаша незасладен сок од јаболка содржи околу 48 грама јаглени хидрати, што луѓето воопшто не го очекуваат, бидејќи станува збор за течности. Нутриционистоте советуваат да избегнувате сокови, и да пиете вода и лимонади.

Овошен јогурт

Јогуртот е одличен, ако не содржи шеќер и адитиви.

Во јогуртот природно се наоѓаат шеќери и јаглени хидрати, но ако земете некој со вкус, ќе внесете околу 45 грама јаглени хидрати.

Подобра опција е во „обичен“ јогурт самите да додадете овошје.

Енергетски чоколатца

Во просек, едно вакво чоколатце содржи околу 45 грама јаглени хидрати, што е понекогаш сосема во ред кога ви треба брзо кревање на енергијата, но не би требало тоа да биде ваша секојдневна ужина. Она што не е добро е тоа што ваквите чоколатца често содржат додадени шеќери и сирупи, па е најдобро да ја проверите декларацијата.

Газирани пијалоци

Не е страѓно ако некогаш се напиете, но знајте дека се полни со обработени состојки и јаглени хидрати кои не се добри за вас, предупредува нутриционистката Меги Михалчик. Во една мала лименка има и по 40 грама јаглени хидрати плус додадените шеќери.

Михалчик советува наместо тоа да пиете минерална вода со вкус на овошје или комбуха.

Кекси

Повеќето се направени од бело брашно, додадени шеќери и масло, што ги прави празни јаглени хидрати“, вели Михалчик. „Освен тоа, нема шанси да изедете само еден!“

Кога ви се јаде нешто од тој тип, советува да побарате кекси кои содржат јаткасти плодови или семки.

Фото: Pixabey