Кралски леб со сода бикарбона

Овој леб без квасец е најбрзиот можен рецепт за леб затоа што ниту се меси, ниту се чека, а доаѓа од кујната на Бакингемската палата

0
1644

Легендарниот британски новинар Мајкл Бурк е домаќин на серијата Кралски рецепти (Royal Recipe) на БиБиСи која ја истражува кралската кујна од минатото до денес.

Во секоја епизода презентерот заедно со врвен готвач во кујната се обидуваат да создадат јадења од Кралскиот архив, како и да зготват некоја современа порција инспирирана од монарсите. Бурк ја прославува темата на храната од времето на Џорџ IV до владеењето на Елизабета Втора, консултирајќи се притоа и со сеќавањата на Милдред Николс, која работела во кујната на Бакингемската палата од 1907 до 1919 година.

Рецептите се навистина фантастични, ама најлесен ни се виде оној за лебот со сода.

Секако, импровизиравме бидејќи ги немавме баш сите состојки, ама сепак излезе добро и што е најважно, леб за кој не мора ниту да се меси ниту да се чека тестото да надојде.

Брзо и лесно.

И додека за оригиналниот рецепт ви требаат:

225 г (2 чаши) обично брашно

10 мл / 2 лажички сода бикарбона

5 мл / 1 лажичка сол

225 г (2 чаши) полнозрнесто брашно (2 чаши)

30 г (2 лажици стопен путер) и малку екстра за подмачкување на садот за печење

375 мл  / 1 ½ чаша млеко

125 мк / ½ чаша обичен јогурт

30 мл / 2 лажици јачменов слад

1 лажица сусам

1 лажица ленено семе

Свежи зачини

Ние го направивме овој со следниве состојки:

1 чаша бело брашно

1 чаша интегрално брашно

1 чаша спелтино брашно

1 чаша млеко

2 лажици стопен путер  плус уште малку за премачкување

10 мл / 2 лажички сода бикарбона

5 мл / 1 лажичка сол

125 мл / ½ чаша павлака

Суви зачини (босилек, копар и оригано)

Семки од тиква

Семки од сончоглед

Приготвување:

Од сите состојки, освен семките, се замесува тесто кое веднаш се обликува, се премачкува со стопен путер, се поросува со семките и се пече околу 40 минути во загреана рерна.