Сочни браунис со три состојки: бадем, батат и чоколадо

Овој колач е едноставен за правење, а што е најважно, здрав е и содржи многу влакна, па можете да уживате во него дури и ако сте на диета.

0
305

Oвој колач е прикладен и за оние кои не поднесуваат глутен, за веганите, како и за тие кои се на диета со намалена количина јаглени хидрати.

Ако сте алергични на јаткасти плодови можете наместо нив да ставите сончогледово семе или кокосово брашно. При изборот на црното чоколадо, не одбирајте некое кое е премногу горчливо затоа што сепак тоа треба да биде извор на слаткост. Иако рецептот не содржи путер или брашно, бадемите и бататот му даваат прекрасна текстура.

Бататот е најдобро да се испече во рерна, наместо да се вари во вода затоа што така ќе содржи помалку вода. По желба можете да додадете и некое свежо или суво овошје.

Состојки:

2 средно големи батати, околу 300 г

120 г бадеми

125 г црно чоколадо

Приготвување:

Излупете го бататот и печете го во рерна околу 40 минути.

Стопете го чоколадото на пареа и ако сакате оставете мали парченца чоколадо за попосебен вкус. Кога бататот ќе се испече и ќе се олади згмечете го и измешајте го со чоколадото и мелените бадеми.

Ставете ја смесата во помал калап и оставете ја во фрижидер да се стегне барем на 1 час. Исечете го колачот на коцки и уживајте.

Фото: Pixabey