Медитеранската исхрана е прогласена за најдобра диета во 2019 година

Медитеранската диета не вклучува рестрикции како останатите диети кои исклучуваат цели групи на намирници, што значи дека на располагање и понатаму ви се црвеното месо, па дури и слатките.

0
986

За здравствените предности на медитеранската диета веројатно веќе сте слушнале – губење на тежината, превенција од разни болести, но што е уште поважно, станува збор за диета која е лесно да се следи. Диетата се темели на праксата за исхрана на жителите на медитеранските земји за која стручњаците сметаат дека е подеднакво корисна како и диетите со мал процент на јаглени хидрати.

Многу нутриционисти ја истакнуваат важноста на медитеранската исхрана и напоменуваат дека не станува збор за пропишан план и програма за исхрана туку повеќе за начин на живот.

Ваквата диета подразбира исхрана богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, грав, јаткасти плодови и маслиново масло. Рибата, месото од пердувестите животни, јајцата, сирењето и јогуртот се исто така дозволени во умерени количини.

Доколку се придржувате до медитеранскиот начин на исхрана можете да вклучите и чаша црно вино со вечерата. Иако станува збор за диета и за план на исхрана, медитеранскиот начин на живот подразбира и физичка активност. Физичката активност и вежбањето се голем дел од медитеранскиот налин на живот па затоа вежбите и одењето во теретана ќе ви овозможат да ги осетите во целост ефектите од оваа диета.

Медитеранската диета не вклучува рестрикции како останатите диети кои исклучуваат цели групи на намирници, што значи дека на располагање и понатаму ви се црвеното месо, па дури и слатките. Сепак, ќе морате сами да ја одредите големината на порцијата, како и количината на калориите кои ги внесувате за да не претерате со оглед на тоа што една лажичка маслиново масло има околу 80 калории.

Истражувањата покажуваат дека оние кои ја следеле медитеранската диета со маслиново масло изгубиле најмногу килограми што докажува дека ограничувањето на внесувањето на мастите не помага за слабеењето.

Фото: Pixabey