Како се точи пиво?
Излегува дека популарниот метод на точење при кое не останува ниту малку пена е целосно погрешен, што некои го чувствуваат по испиеното пиво затоа што може да предизвика надуеност и болки во стомакот. Макс Бејкер, сомелиер за пиво, покажал која е правилната техника на точење на пиво.
Во видеото Макс објаснува дека ако не се ослободил дел од јаглеродниот диоксид од пивото во чашата, ќе се ослободи во желудникот, а ако притоа се грицка и нешто солено, јаглеродниот диоксид кој ќе се ослободи во желудникот ќе поттикне надуеност и болка.
Од таа причина важно е пивото да се наточи во чаша, а не да се пие од шише.
„Вистински начин на точење на пивото е да ја држите чашата под агол од 45 степени, а пивото усмерено кон средината на чашата. Во идеален случај, тоа ќе го направите од оддалеченост, а не навалувајќи го шишето на работ од чашата, за да може шивото да помине низ малку воздух пред да се сталожи во стаклената чаша. Кога е чашата наполу наполнета, исправете ја и продолжете да полните до врвот“, објансува Макс. Освен тоа, пената му овозможува на пивото да ја задржи својата арома и горчливост, додава Макс.
Фото: Pixabey