Швајцарско истражување: Музиката влијае врз вкусот на сирењата

Според истражувањето, најдобро влијание врз вкусот на сирењата има хип-хоп музиката. Швајцарскиот готвач и член на жирито Бенџамин Лузи  рекол дека разликите помеѓу сирењата биле воочливи во секој поглед.

0
118

Изложувањето на сирењата на непрекидна музика би можела да го засили нивниот вкус, а во ова хип-хопот би можел да биде поуспешен од Моцарт, објавиле швајцарските научници.

Девет пити ементалер тешки по 10 килограми минатиот септември биле сместени во посебни дрвени кутии за да се тестира влијанието на музиката на нивниот мирис и вкус. Пет пити биле постојано изложени на звуците од Моцартовата „Волшебна флејта“, на рок класикот од Лед Цепелин „Stairway to Heaven“, хип-хоп снимката на групата A Tribe Called Quest „We Got it From Here“, техно звуците на Врил, односно, на звуците од електронското дуо Yello. Три пити сирење биле континуирано изложувани на звучни бранови со ниска, средна и висока фреквенција, а последната пита уживала во тишина.

„Воочени се многу впечатливи разлики во интензитетот на вкусот и мирисот“, објавиле научниците од универзитетот за уметност во Берн, повикувајќи се на кулинарското жири кое ги тестирало примероците.

„Најдобро е оценет примерокот изложен на хип-хоп во смисол на овошни ноти…бил и најинтензивен во поглед на мирисот и вкусот…“

Швајцарскиот готвач и член на жирито Бенџамин Лузи  рекол дека разликите помеѓу сирењата биле воочливи во секој поглед. Производителот на сирења Beat Wampfler кажал дека анализата на примероците била спроведена двапати и во двата случаи резултатите биле еднакви.

Следната фаза е да се изложат пет до десет пити на хип-хоп и повторно да се тестира влијанието на музиката во однос на сирењата кои не се изложувани на музика.

Фото: Pixabey