Според зборовите на познатиот советски и руски кардиохирург, професор и академик во Руската академија на науки и Руската академија на медицински науки, главен кардиохирург на Министерството за здравство на Руската Федерација, ја побил идејата за традиционални диети. Според неговите зборови, сѐ што сме знаеле за здравата исхрана е лага.
„Изреката: Појадокот изедете го сами – е целосна бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се привикнува на работна состојба, а вие седнувате на маса и јадете полна чинија, корпа леб и сѐ ќе залиете со чаша некој напиток…Одите на работа со преполн стомак. Тогаш сте тешки и сами на себе…
Кога соработувавме со Американците, тогаш забележав дека големи хирурзи наутро во најдобар случај ќе испијат шолја кафе. Дури на пладне јадат еден сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмараат…
Значи појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крајот прошетајте пред спиење или вежбајте.
По моето искуство луѓето кои така живеат – живеат долго и здраво“.
Овој совет на познатиот руски лекар го потврдиле и најновите истражувања спроведени на Корнел Универзитетот. Научникот Дејвид Левитски открил дека оние луѓе кои го прескокнуваат појадокот за неколку недели значително ја намалуваат килажата. Оваа теорија ја потврдил експериментот чија цел била да се одреди количината на храна која човекот ја внесува во организмот во текот на денот.
Половина од учесниците појадувале, другата група одбивала појадок. Групата која го прескокнувала појадокот дневно во организмот внесувала 408 калории помалку, отколку онаа група која редовно појадувала.
Според овој научник, прескокнувањето на појадокот може да се смета за одличен систем за брзо губење на тежината.
„Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е во спротивност со сето она што го знаете за здравата исхрана, но новите податоци не доведуваат во сериозно размислување да се откажеме од првиот утрински оброк. Секако, ова се однесува на здравите луѓе. Луѓето кои имаат проблем со дијабетес и хипогликемија, не смеат да прескокнуваат оброци за да го одржат нивото на глукоза“, вели Левитски.
Светската здравствена организација и натаму тврди дека појадокот е најважен оброк во текот на денот и оној кој редовно појадува има уреден метаболизам и нема проблеми со вишокот на килограми. Односно, појадокот го забрзува метаболизмот. Меѓутоа и тие се согласуваат дека претерано богат појадок може да доведе до дебелина. Но нормален внес на калории и мали оброци повеќе пати дневно можат само да помогнат оној кој е дебел да ослабне.
Еве што никако не смеете да јадете по препорака на Светската здравствена организација:
Колбаси
Колбасите се вкусен, но е и здрав производ. Во нив има најмалку месо, а најмногу конзерванси и засилувачи на вкус кои знаат да предизвикаат и рак на хранопроводникот.
Инстант каши
За да се скрати времето на готвење, житарките се ставаат на посебен третман заради кој јаглените хидрати се претвораат во скроб. Додадете му на ова шеќер кој се користи обилно за да се подобри вкусот и ќе добиете отров кој се пласира како здрав појадок.
Сушено овошје
Повеќе е штетен отколку корисен производ затоа што за да се исуши овошјето, му се додаваат одредени хемикалии и шеќери кои го чуваат од пропаѓање.
Мусли
Муслите се чист шеќер со празни калории. Индустриската преработка која се пласира како здрав појадок може само да го отруе вашето тело, а никако да го оздрави.
Сокови во тетрапак
Ваквите сокови се полни со конзерванси зашто никј друг не оже да ги „сочува“ од пропаѓање. Свежо исцедениот сок може да „живее“ само 15 минути. Оној кој трае со месеци, е полн со шеќери.
Банани и друго егзотично овошје
Корисно е она овошје кое расте во ваша непосредна близина. Она овошје кое мора да се транспортира од прекуморксите земји е прскано безброј пати со разни хемикалии кои спречуваат тоа да се расипе. Таквото овошје е отров.
Крем сирење
Било која дополнителна обработка го претвора сирењето во чиста маст која се лепи за вашите црева. За приготвување на крем сирење е користи сирење кое повеќе не може да се продава во својот првобитен облик затоа што веројатно му истекол рокот на траење.
Фото: Pixabey