На гастрономскиот натпреварот Albanian chefs and cooks association- Shum Albanija, во соседната Албанија, Давид Санџакоски освои Гран при, (готвеше риба и бифтек), со што Гастромак уште еднаш ја потврди својата супериорност надвор од границите на нашата земја.
Од сениорите, Лирим Даути освои сребрен медал во категоријата риба, Валон Нухиу доби бронза за роловано пилешко, а Иван Велков се закити со бронза за подготовка на јагнешко месо.
Од јуниорите, Хабиб Зекири освои бронза во категоријата пилешко, исто како и Изабела Спасовка која готвеше рамстек и Душан Боболински кој правеше пилешко роловано.
Тимот – Давид Санџакоски, Иван Велков и Светлана Цеца Димовска се истакнаа во подготовка на риба, рамстек и мус со авокадо и чоколадо, и освоија сребро.