Состојки:
6 јајца
1 л млеко
100 г шеќер за смесата+200 г за карамелот (ако сакате, можете да го направите и поблаго, ама тоа што го пробавме ние беше сосема доволно благо).
Приготвување:
Се матат јајцата со шеќерот, ама како за кајгана, а не како за торта, па се додаваат во млекото и се разматува.
Се прави карамел и се става во секој сад на дното (тоа се специјални метални садови за крем-карамел, но ако немате, може да се употребат и обични филџани за кафе). Се става смесата од јајцата и млекото во садовите а потоа тие се ставаат во тепсија во која ќе ставите и вода, до половината од чашките.
Се ставаат во ладна рерна вклучена на 180 степени, а потоа температурата се намалува за да не зоврие водата. Се печат околу половина час, се вадат и се оставаат да се оладат. Потоа се превртуваат во мали чинии и се послужува.