Омекнете го месото пред печење
Некој не сака да јаде препечено и исушено месо без вкус. Млечната киселина во јогуртот е многу поблага од сокот од лимон или д јаболковиот оцет, па се смета за подобра состојка за маринада за месо.
Калциумот ги активира ензимите во месото кои помагаат да се ослабнат мускулите, па ставањето на јагнешкото или јунешкото во маринада на база на јогурт ќе биде од голема помош во текот на печењето.
Ги смирува изгорениците од готвење
Сте заборавиле да ги ставите ујнските ракавици додека го вадевте садот од рерна? Ваквите изгореници намачкајте ги со јогурт или павлака и оставете да стои десетина минути па исплакнете со млака вода. На ист начин можете да го решите проблемот и со изгорениот јазик.
Направете сирење
Од јогурт можете да направите густо и ароматично сирење за мачкање кое е популарно на Блискиот исток, но и во медитеранската исхрана. Сѐ што треба да направите е густ полномасен јогурт да го оставите преку ноќ во фрижидерот да се процеди во фина цедалка обложена со неколку слоеви газа над чист сад.
Фото: Pixabey