Совети за најдобар киш: Пет тајни како да добиете совршен киш

Совршено кремав фил, совршено крцкаво тесто...

0
200

Еве неколку совети доколку вашиот киш не е секогаш подеднакво добар. Со помош на овие совети тој може секогаш да биде совршен: со извонредно кремав фил и совршено крцкаво тесто.

Печете го бавно и на ниска температура

Ако е рерната вклучена на висока температура постои опасност јајцата во филот да се претворат во кајгана. Откако сте го испекле тестото за киш „на слепо“, и откако ќе го прелиете с филот, намалете ја темпартурата на 150 степени и печете го 1 час.

Додадете малку брашно во филот

Брашно во јајцата помага да се апсорбира влагата и да се стабилизира целиот фил а истовремено придонесува за поголема кремавост.

Не штедете на сирење

Бри е совршен ако сакате кремав киш, а ако сакате да бидете похрабри, можете да искористите сино сирење

Користете подобро брашно за тестото

Додаток на ржано или брашно од цели житарки ќе му даде на вашето тесто за киш посебна крцкавост, јаткаст вкус и „песочна“ текстура.

Парчињата путер во тестото нека бидат што поголеми

Парчињата путер што ќе го употребите во тестото нека остане со големина на грашок или уште подобро, со големина на коцкички зашто така вашето тесто за киш ќе се топи во уста.

Фото: Pixabey