На гастрономски натпревар во Украина, македонските шефови ги собраа сите медали

На гастрономскиот натпревар Best cook fest - Podillia во Украина, се вееше знамето на Македонија, а тимот на Гастромак доби сѐ: златна, сребрена и две бронзени медали.

0
592

Шеф Благоја Велковски на гастрономскиот натпревар Best cook fest – Podillia во Украина освои златен медал за риба и бронзен медал за модерна кујна и за ова искуство вели: „Конкуренцијата беше голема  и ги одмеривме силите со големите светски гастрономски мајстори, но освен што освоив награди, го збогатив и моето искуство преку соработката со колегите и со судиите. Некои од нивните совети ги искористив во текот на натпреварот“.

Шеф Игор Каспер Атанасов пак, освои сребрен и бронзен медал и тоа во подготвување јадења од јагнешко месо и во категоријата пилешко месо.

Освен како натпреварувач, Игор заедно со Весна Тодоровска- Алачковска имаше и многу одговорна задача како меѓународен судија во 4 категории.

„Ова беше ново и преубаво искуство за мене. Работев како судија на вкусови, а ја оценував и работата во боксовите. Натпреварувачите беа одлични, а за мене беше голема чест да сум рамо до рамо со врвните судии од Турција, Азербејџан, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Монголија и Молдавија“, раскажува Игор.