Колачот се приготвува лесно, а заедно со печењето нема да ви треба повеќе од 1 час.
Состојки:
За кората:
150 г путер плус исечен на ливчиња и уште малку за подмачкување
Све шолји брашно
Четвртина шолја кафеав шеќер
Пола шолја шеќер во прав
¼ лажичка сол
За филот:
4 јајца плус две жолчки
1 шолја шеќер
Третина шолја брашно
Лажичка рендана кора од лимон
Шолја свеж сок од лимон (од околу 8 лимони)
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го калапот за печење и ставете фолија такашто да преоѓа преку калапот за околу 3 сантиметри. Намрсете ја и фолијата.
Во еден сад изматете го путерот, па додадете брашно, кафеав и шеќер во прав и добро измешaјте додека тестото не се соедини, околу една минута. Потоа префрлете го во калапот и распоредете ја смесата рамномерно по дното на калапот и околу сантиметар од страните. Печете додека не добие златна боја, околу 25 минути.
Во меѓувреме направете го филот. Изматете ги јајцата и двете жолчки, шеќерот и брашното. Потоа додадете рендана кора од лимон и сокот. Извадете ја кората од рерна и намалете ја температурата на 150 степени. Истурете го филот врз кората додека е уште топла и вратете го колачот во рерна. Печете околу 30 минути. Оставете го колачот да се лади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер на најмалку два часа. Извадете го калапот држејќи го колачот за рабовите на фолијата. Поросете со шеќер во прав и послужете.
Фото: Pexels (Photo by Kaboompics .com from Pexels)