Кафе напладне, наместо наутро?

Иако кафето се пие за да не разбуди, нутриционистите велат дека рано наутро можеби и не е најдобро време за кафе ако сакате да се чувствувате будни и прибрани во остатокот од денот.

0
332

Ако првото на што помислувате наутро е шолја врело кафе, можеби би требао да размислите уште еднаш. Имено, стручњаците тврдат дека омилениот напиток е подобро да се консумира подоцна во текот на денот.

Иако кафето се пие за да не разбуди, нутриционистите велат дека рано наутро можеби и не е најдобро време за кафе ако сакате да се чувствувате будни и прибрани во остатокот од денот.

Еве зошто е тоа така: организмот после будењето почнува самиот да произведува покачено ниво на кортизол, хормон на стрес кој не разбудува. Ако на тоа му додадете и кофеин, кој го прави истото, толку кортизол наеднаш може да биде едноставно премногу, па наместо будење може да настапи чувство на замор.

„Треба да го ограничите консумирањето на кафе веднаш штом ги отворите очите. Напијте се кафе кога телото ви произведува помалку кортиозл, три до четири часа после будењето“, вели нутриционистката Лаура Ципуло. Напладне или рано попладне е најдобро време за кафе, смета нутриционистлата Лиса Лисиевски.

Но ако не можете да замислите будење без кафе, ќе ве развесели податокот дека постојат и такви кои мислат поинаку. Имено, нутриционистите сметаат дека од времето на пиење на кафето, поважна е нејзината количина.

Како и да е, сите се согласни дека кафето не треба да се пие доцна навечер затоа што тоа може да го попречи сонот.

Фото: Pixabey