Малкумина се оние кои не сакаат кисели краставички, а тоа е добро со оглед на бројните здравствени придобивки од нив.
Киселите краставички содржат голема количина вода, протеини, прехранбени влакна, многу малку маснотии, а се богат извор на минерали, меѓу кои и на калиум, натриум и фосфор. Содржат витамини како што се витамините Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, ниацин и тиамин.
Тие се и силен антиоксиданс – го штитат телото од слободни радикали, нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашиот организам.
Одличен пробиотик се – го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучен дел од нашето здраво варење.
Го чуваат црниот дроб – освен што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од организмот.
Спречуваат настанување на чир на желудник – чирот е внатрешна рана на желудникот, односно оштетување на мембраната предизвикано од киселини.
Помагаат кај дијабетес.
Истражувањето покажало дека киселите краставички ја стабилизираат количината на хемоглобин – протеини во црвените крвни клетки кои го пренесуваат кислородот.
Фото: Pixabey